- Работно време од 08:00 - 18:00
- e-mail адреса info@atlantis.com.mk
Букурешт и Трансилванија Нова Година
- Општи информации
- Галерија
НОВА ГОДИНА ВО БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА 2026
Познат како Париз на Истокот, Букурешт е мал уметнички бисер сместен во јужниот дел од Романија. Градот се гордее со музеи, театри, оперски куќи и богата историја. На новогодишната ноќ, Букурешт оживува со светла, музика и спектакуларен огномет.
ПЛАН И ПРОГРАМА
· 1. Прв ден – Вторник (30.12.2025)
Собир на групата кај хотел Русија и поаѓање во период од 18–19 часот. Ноќно возење преку Бугарија со паузи.
· 2. Втор ден – Среда (31.12.2025)
Пристигнување во Букурешт и разглед на градот со локален водич: Палатата на парламентот, Плоштадот на револуцијата, Авенија Победа. Сместување во хотел. Навечер – дочек на Нова Година на плоштад.
· 3. Трет ден – Четврток (01.01.2026)
Појадок. Слободно време или вечерна бесплатна тура Bucharest Ghost Stories & Mythology + посета на стариот град Lipscani.
· 4. Четврт ден – Петок (02.01.2026)
Факултативен излет Трансилванија: Посета на замокот Пелеш, замокот Бран и градот Брашов. Враќање во хотел.
· 5. Петти ден – Сабота (03.01.2026)
Факултативна посета на Термалните Бањи. Слободно време за останатите. Поаѓање за Македонија околу 15:00ч.
ШТО Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
· Автобуски превоз на наведената релација
· Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок
· Разглед на градот Букурешт со локален водич
· Организација и реализација со туристички придружник
ШТО НЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА
· Факултативен излет Трансилванија – 70€ возрасни / 40€ деца
· Факултативна посета на Термалните Бањи – 45€
· Туристичка такса 7.5€ (се плаќа во автобус)
· Трансфер по градови – 10€ во правец
· Депозит за факултативи 15€
· Индивидуални трошоци
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
· Трансилванија – 70€
- Посета на
замокот
Пелеш
- Посета на
замокот Бран
(Дракула)
- Посета на градот
Брашов
· Термални Бањи – 45€
- Комплекс со базени, сауни, парни бањи и ботаничка градина со 800.000 растенија.
ВАЖНО
· Минимум 40 патници за реализација
· Dоплата за еднокреветна соба: 60€
· Резервација со 30% аванс, доплата 7 дена пред поаѓање
· Патните документи мора да важат најмалку 3 месеци
· Агенцијата го задржува правото на отказ 5 дена пред поаѓање
· Во случај на отказ од патник, за сместување нема поврат
· Цените може да варираат според Ultra First/Last minute понуди
· Агенцијата може да промени хотел од технички причини
· Излетите зависат од временските услови
· Деца до 11.99 години со двајца возрасни плаќаат 50%






