Ние ке Ве контактираме.
Име и Презиме
Телефонски Број
E-Mail
Време на Повик
Мапа
SPO цени објавени на 03.04 и валидни до следна промена од страна на хотелот.

Albatros Citadel Sahl Hasheesh Опции за соба

Пребарувај цени за достапни соби!
Почнувајќи од..
Најниска Цена и Дата
  • Online Reservation
  • Ценовник
  • Галерија
  • Информации за хотелот

Albatros Citadel Sahl Hasheesh Слики и Видеа

Краток опис

Albatros Citadel Sahl Hasheesh, луксузен хотел со оригинална архитектура, изграден од природен корален камен (исклесан од блиските планини), се наоѓа на плажа долга 1.600 м, во јужниот дел на Хургада, во заливот Сал Хашиш. Плажата е делумно карпеста, има корален гребен погоден за љубителите на подводниот свет, но има и песочен дел од плажата и пристап до морето. 

Плажа
Хотелот има марина и приватна плажа со должина од 1.6км. Плажата е делумно песочна и делумно камчеста. Плажата е поделена на три дела: плажа кај првата лагуна со анимации и дел за деца со игралиште, плажа кај втората лагуна со корален гребен каде чевлите за пливање се задолжителни и третиот дел е песочниот дел од плажата без анимација. Лежалки, крпи и чадори за сонце се бесплатни. Крпите се добиваат со картичка
Facilities
Хотелот има главен ресторан, 4 a la carte ресторани, 8 барови (2 покрај базен и 3 на плажа), лоби бар, слаткарница Моцарт, дискотека, продавници, сервис за перење и пеглање, доктор, аптека, банкомат, фризер и интернет центар
Хотелот се одликува со 3 базени вклучувајки и таканарачен бесконечен базен.
Хотелот нуди соби кои имаат панорамски поглед кон Црвеното море. Има и 6 приватни топли кади и најсовремен фитнес центар.
Граден е со природни камења кои се ископани со рака од околните планини. 
Локација
Сместено е во Sahl Hasheesh, на околу 20 км од аеродромот и на околу 25 км од центарот на Хургада.
Концепт за исхрана
Услугата во хотелот е All inclusive - појадок, ручек и вечера (самопослужување - избор на повеќе јадења според правилата на хотелот). Покрај главниот ресторан „The Citadel“, гостите имаат на располагање и неколку a la carte ресторани -Habour Inn(интернационална кујна), La Gondola (италијанска кујна), El Gaucho (бразилска кујна), Si Omar (ориентална кујна), азиски ресторан и Marina Cafe & Bakery. Исто така, има неколку барови кои се нудат - Lobby Bar, Columbus Bar & Terrace, Beach Bar, Infinity Pool Bar, Palm Pool Bar и Shesh Besh. Концептот вклучува закуски, сладолед, сендвичи, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Се плаќа: свежо исцедени сокови, увезени и флаширани алкохолни и безалкохолни пијалоци, бар Шеш Беш.

Хотелот има право да ги менува деталите за услугата во зависност од сезоната (време, содржина…).
Спорт и рекреација
Хотелот има 2 лагуни со морска вода, 3 отворени базени на повеќе нивоа со дел за деца, 6 џакузи на отворено, билјард, пинг-понг, 2 тениски терени, теретана, пикадо, одбојка на плажа, амфитеатар, центар за нуркање, ватерполо, гимнастика во вода, аеробик, бочање, одбојка во вода, дневни и вечерни анимации. Wi-Fi интернет е достапен во фоајето.. 
Крпи, лежалки и чадори за сонце се достапни покрај базенот и на плажа. За забавата и забавата на гостите се грижи професионален тим на аниматори, кој секојдневно организира анимациски програми во хотелот. Понуда за најмладите: детски базен, детски клуб и анимација.
Се плаќа: интернет кафе, билијард, спортови на вода, нуркање и останато надвор од концептот.
Важни информации

За овој аранжман важат општите услови на патување на AtlantiS, кои ги добивате со резервирање на вашата соба.

Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд

Дополнителни информации

Сместување
Хотелот располага со 539 големи удобни соби со спектакуларен поглед кон морето. Собите се опремени со бања, фен, SAT LCD TV, телефон, сеф, мини бар  сет за чај и кафе и убава тераса.
Исто така имаат и работна маса и клима уред. Достапен е и бесплатен интернет во сите соби.
Стандардните соби се со големина од 40-52м2.
Deluxe собите се со големина од околу 70 м2 и имаат простор за седење.
Фамилијарните соби се состојат од две соби и бања, површина околу 58м2.

Се плаќа: услуга во соба, телефон.

Band Text
SPO цени објавени на 03.04 и валидни до следна промена од страна на хотелот.
General Warning

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.

Health Care
Spa & wellness
Спа центарот вклучува простории за масажа и разни третмани за убавина, хидротерапија, сауни, турска бања и џакузи. Во рамките на Спа центарот, гостите можат да ја користат теретаната без доплата.
Се плаќа: сауна, турска бања, парна бања, џакузи, масажи и други третмани.

Пансион
All inclusive услуга, според хотелски правила.
За хотелот:

Хотелот е отворен во 2008 година, а во 2018 година стана дел од ланецот хотели „Pickalbatros“, па тогаш беше целосно реновиран и повторно отворен. Амбиентот на хотелот е во ориентален стил. Гостите имаат на располагање барови, ресторани, како и голем избор на објекти за спорт и забава.

 За деца има мини клуб, две игралишта, детски базен и детско мени во ресторанот.


Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

Нашиот билтен за е-пошта;
Нашиот билтен за е-пошта;
Пријавете се за да ги добивате сите наши промотивни понуди на маил
Маилинг Пошта

Содржина на маилинг листа

Име
Презиме
Маил
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

.