БЕЛГРАД 11 ОКТОМВРИ
09.10. - 11.10.2021
23.10. - 25.10.2021
(сабота)
СКОПЈЕ - БЕЛГРАД
Тргнување од од
Скопје во 02:00 часот и патување кон Белград
со попатни паузи и пасошки и царински формалности на македонско – српската
граница. Пристигање во Белград во предпладневните часови.Следи панорамски разглед на градот со локален
водич: црквата „Свети Сава“, Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“,
споменик на кнез Михајло. По разгледот се сместуваме во хотел ... Слободно
време за индивидуални активности. Ноќевање.
(недела)
БЕЛГРАД – НОВИ САД
Појадок во хотел. Факултативен излет за Нови
Сад со кој се предвидува посета на Караѓорѓевата тврдина, каде се одржува
познатиот музички фестивал – Егзит. Прошетка низ централното градско подрачје, каде ќе може да го видите Соборниот храм „Св.Ѓорѓи“, Владичкиот двор, плоштадот
Слобода, градското Собрание, Театарот,... Време за ручек, кафе, индивидуални прошетки. Во
договорено време враќање назад кон Белград. Слободно време. Ноќевање.
(понеделник) БЕЛГРАД -
СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Тргнување кон Македонија, со
попатна посета на трговскиот центар Ушќе. Слободно време до 15 часот. Патување
со куси паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во
вечерните часови.
ЦЕНА НА
АРАНЖМАНОТ 5.518 денари (89 евра)
Цената на аранжманот вклучува:
- Превоз
со туристички автобус на наведената релација
- 2
ноќевања со појадок во хотел со 3***
- Разглед на Белград со стручен локален водич
- Посета
на трговскиот центар Ушќе
- Придружник
- пратител на групата за време на патувањето
Цената на аранжманот не вклучува:
- Целодневна
посета, разглед на Нови Сад (10 евра) за минимум 30
пријавени патници
- Вечера
во ресторан на Скадарлија 1.550 мкд.(25 евра)
- Задолжително
патничко-здравствено осигиривање
- Туристичка
такса (се плаќа на рецепција)
Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40
патници
За оваа програма важат Општите услови на патување на СКТМ
Начини на плаќање:
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во
агенција. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на
аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аранжманот се доплаќа најдоцна до 7дена
пред поаѓање.
Општи напомени за патување:
Агенцијата го задржува правото , во случај на промена на
цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да
ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот до 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата
не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или
културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за
да потврди време и место на поаѓање!
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА
Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:
- Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
- Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
- Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
- Негативен резултат од брз Тест за Антигеннаправен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.
Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.