ИСТАНБУЛ - CITY BREAK
Авионска индивидуална програма
Цени од 269 евра по лице
1 ден:
Скопје – Истанбул
Пристигнување на аеродром 3 часа пред полетување. Лет за Истанбул окoлу 11:40 часот, односно согласно времето наведено во авионската карта. По пристигнување во Истанбул, организиран трансфер до избраниот хотел и превземање на собите според хотелските правила. Слободно време, ноќевање во хотел.
2 - 3 ден: Истанбул
Појадок
во хотел. Слободно време за индивидуални
активности, прошетки и разгледи, шопинг
и уживање. Истанбул е град со огромен
број на знаменитости и места кои треба
да се видат и доживеат. Предлагаме да
се потрудите да видите што е можно
повеќе. Ноќевање во хотел.
4 ден: Истанбул – Скопје
Појадок
и одјавување на собите согласно хотелските
правила. Слободно време до времето за
трансфер кон аеродромот. Лет за Скопје околу 10:30 часот,
според издадените авионски
карти. Пристигнување во Скопје.
Во
цената е вклучено:
-
Авиобилет Скопје - Истанбул - Скопје
- рачен багаж
- Аеродромски такси.
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
- Трансфер аеродром - хотел - аеродром.
Во
цената не е вклучено:
- Патничко здравствено осигурување.
- Дополнителни оброци.
- Користење на одредени содржини во хотел
кои може да се предмет на доплата.
- Разгледи и екскурзии (на барање може
да се организираат).
Општи
напомени:
- Ова е индивидуална програма
- Цената на аранжманот е променлива во зависност од слободни места во хотел и цена / класа на авиобилет
- Резервација
се прави со целосна уплата на моменталната цена на аранжманот;
- Цените
на аранжманот се дадени во евра за
уплата во денарска противвредност по
курс 1 евро = 62 мкд;
- За ова патување нема минимум број на лица потребни за реализација
- За
ова патување мора да имате пасош кој
има важност од минимум 180 дена по
завршувањето на аранжманот;
- За ова патување отказот на аранжман од страна на патникот во било кој момент и од било која причина подлежи на пенали во висина на вкупната договорена цена за истиот.
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО
ТУРЦИЈА
1. Ве информираме дека
при влез во Р. Турција, според Covid-19
протоколот потребно е да се приложи
еден од следните документи:
- Негативен PCR или
негативен Брз антиген тест. Копија од
Тестот задолжително носете со вас, или
- Потврда за вакцинација од Covid-19 (14 дена
по примена втора доза од вакцината).
Сертификат за вакцинација задолжително
носете со Вас, или
- Сертификат за прележан
Covid-19 (можно е патување по 1 месец од
потврдената инфекција, но, максимум до
6 месеци од датумот на тестирање).
Сертификатот задолжително носете го со
Вас.
2. Почнувајќи од 15 март
2021 година, патниците кои патуваат за
Турција се должни да пополнат „Електронски
формулар“ во последните 72 часа пред
нивното патување на следниот
линк: https://register.health.gov.tr
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА
Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:
- Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
- Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
- Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
- Негативен резултат од брз Тест за Антиген направен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.
Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.
За
оваа програма важат Општите
Услови на Патување на
Т.А
Атлантис