- Работно време од 08:00 - 18:00
- e-mail адреса info@atlantis.com.mk
НАПОМЕНИ:
- За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
- Можност за дополнителен кревет во oдредени студија – Бесплатно;
- Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
- Климата е вклучена во цената;
- Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
- За хигиената на собите се грижат гостите;
- За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.
ПОПУСТИ:
- За уплатени 2 аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на вториот аранжман;
- Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!
ПЛАЌАЊЕ:
- Плаќањето е во денари по курс 1 евро - 62мкд;
- Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање;
- За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум.
Агенцијата како оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата
Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење ... и сето тоа за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.
Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.
Вила Христо се наоѓа на само 60 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 150 метри од центарот на градот. Располага со трокреветни студија со можност за дополнително легло, кои се наоѓаат на прв и втор кат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима,WI-FI .