- Работно време од 08:00 - 18:00
 - e-mail адреса info@atlantis.com.mk
 
Белград - 8ми март
- Општи информации
 
Во цената на аранжманот е вклучено:
- превоз со туристички автобус;
 - 2 ноќевања со појадок во хотел во Белград или околина;
 - разглед на Белград со локален водич;
 - Посета на трговски Ушче и ИКЕА
 - водство и организација на програмата со придружник од агенцијата.
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- факултативна вечера на Скадарлија
 - целодневна посета на Фрушка Гора – Сремски Карловци – Петроварадинска Тврдина – Нови Сад – 30 Евра (минимум 30 пријавени за реализација)
 - туристичка такса – 1,5 Еур. од ден по патник (уплата во агенција )
 - патничко осигурување
 - влезници за културно-историските споменици
 
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
· Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС
· Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
· Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
· Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
· За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
· За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
· Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот
· Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот
· Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
· За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
· Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
· Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС