Untitled Document
Д У Б А И
Индивидуална Програма од Софија
октомври - 3, 4 или 7 ноќевања
03.10. - 06.10. - од 259 Evra по лице
Програма на патувањето:
1 ден Софија - Дубаи
Индивидуален трансфер до софискиот аеродром, два часа пред летот, индивидуално чекирање на летот и багажот, обавување на царинските и пасошките формалности. Полетување за Дубаи со авио компанијата Wizz Air. Слетувањето во Дубаи. Трансфер и сместување до избраниот хотелот. Слободно време. Ноќевање.
ДУБАИ
За време на вашиот престој во Дубаи ќе имате прилика факултативно да ги посетите некои од најпознатите и најубави знаменитости на овој град и неговата околината.
Разглед на Дубаи (Dubai City Tour) - Цена по лице 35 еур. Во цената е вклучено:
Палатата на шеикот (време за сликање), Белата Џамија, возење со абра преку реката (водено такси), разглед на Gold souk & Spice souk, разглед на Jumeirah beach, разглед на Palm Jumeirah, Atlantis the palm време За сликање, посета на Burj al Arab и Dubai mall останување по желба на групата.
Попладневно Пустинско Сафари - Цена по лице 40 еур. Во цената е вклучено:
4x4 dune bashing 25 - 30 мин, фотографија на зајдисонце, јавање на камила, пиење на арапско кафе, пушење шиша, разглед на традиционални костими, неограничено конзумирање на безалкохолни пијалоци како што се чај, кафе, вода, фарбање со кана, Belly dance, шоу со оган, Tanura show и вечера со скара и шведска маса со достапност на овошје и зеленчук.
BURJ KHALIFA 124 & 125 Спрат:
Цена по лице од 10:00 - 15:00 ч и од 19:30 - 21:00 = 40 еур
Цена по лице од 15:30 - 19:00 = 55 еур.
BURJ KHALIFA 148 Спрат:
Цена по лице 95 еур.
BURJ KHALIFA AQUARIUM: Цена по лице 20еур.
Посета на Atlantis : од 06:00 дo 18:00
Водена авантура во воден парк, цена по лице 65 еур
Воден парк + изгубено поглавје, цена по лице 68 еур
Сликање со делфин, цена по лице 160еур.
Крстарење по Марина Дубаи - цена по лице 45 еур. Во цената е вклучено:
2 часа крстарење од 20:30 - 22:30, вечера на шведска маса, пијалок за добредојде, неограничена конзумација на безалкохолни пијалоци, Tanoura танц.
Посета на Combo Miracle Garden & Global Village - Цена по лице 50еур.
Започнување на факултативата 13:30 - 14:00, завршување во 20:00 - 20:30
Последен ден - ДУБАИ – СОФИЈА
Трансфер од хотелот до аеродромот во Дубаи. Пристигање во Софија. Индивидуален трансфер до Македонија.
ЦЕНА од 259 Евра по лице
СМЕСТУВАЊЕ ВО ХОТЕЛ : City Avenue .............или сличен на наведениот
Пакетната цена вклучува:
- Авионски билет Софија – Дубаи - Софија со вклучени аеродромски такси со авио компанијата Wizz Air
- Едно парче кабински багаж до 7 кг. со големина 56/45/25 см во авионот;
- Трансфер аеродром-хотел-аеродром
- Хотелско сместување
Пакетната цена НЕ вклучува:
- Виза за Дубаи - 110 евра по лице
- Дополнителни (Факултативни) екскурзии;
- Лични трошоци
- Патничко осигурување (Ве молиме проверете осигурувањето кое го имате или ќе го купите дали покрива ризици од COVID-19)
- Надоместок „Туристички Дирхам“ во Дубаи - се плаќа задолжително и лично од туристот при сместување во хотелот и се наплаќа по соба на ноќ:
Хотел со 3 * - 10 дирхами (околу 2,5 евра)
Хотел со 4 * - 15 дирхами (околу 4 евра)
Хотел 5 * - 20 дирхами (околу 5 евра)
- Трансфер од Скопје до Софија и назад.
- Доплата за еднокреветна соба.
Напомени и услови за отказ на резервација:
Дадените цени се за индивидуално патување и истите се променлива во зависност од слободни места и цена на авио билетот како и слободни места и цена на хотелот.
Направените резервации по оваа понуда се нерефундабилни и согласно тоа овде не важат правилата за отказ според Општи услови на патување.
Цените на факултативите се дадени за група од минимум 14 лица.
Важни напомени:
- За добивање на виза за ОАЕ потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот на кои се наоѓаат податоците на патникот како и слика со димензија за пасош. Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност имиграционото одделение да побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.
Патникот е должен да се информира за КОВИД - 19 барањата за влез во Обединетите Арапски Емирати.
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА
Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:
- Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
- Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
- Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест,направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
- Негативен резултат од брз Тест за Антигеннаправен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.
Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.
Овој аранжман не е во организација на ДТУ АтлантиС ДООЕЛ и неможе да се користат COVID-19 ваучерите.