1.Ден 06.03.2021 (Сабота) - СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата рано наутро во
05.30 часот на паркингот кај Хотел ВИП спроти саем. Поаѓање за Србија во 06.00
часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи
за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања
околу пладне и сместување во хотел. Ручек.
Слободно попладне за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес
центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
2.Ден 07.03.2021 (Недела) - ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. Во
10.00 часот заминување на факултативен излет со автобуски превоз и локален
водич до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, избран е во ТОП 77 во
изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор и
релаксација во СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
3.Ден 08.03.2021 (Понеделник) - ПРОЛОМ БАЊА - СКОПЈЕ
Појадок.
Напуштање на собите според хотелското правило. Во 10.00 часот организирана
прошетка со локален водич до единствената црква – брвнара во овој крај, црквата
Лазарица, светски позната по единствениот мистичен феномен, 6те стебла од сливи
кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Заминување кон Македонија во
13:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки
паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во
вечерни часови.
Цена на аранжманот 139€/8.618мкд (по лице)
Цена
за најмалку 2 лица во соба.
Во цената на аранжманот е вклучено:
-
Автобуски превоз на наведената
релација
-
Сместување во Хотел Радан 3* на
база 2 ноќевања во двокреветни и трокреветни соби (пролом вода во сите соби,
ТВ, бањарки и фен за коса)
-
Исхрана на база полн пансион:
шведска маса за појадок, со сервирање за ручек и вечера
-
Користење затворено отворен базен
со лековита Пролом вода
-
Користење Велнес центар: солена
соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидариум
-
Организирана прошетка до црквата
Лазарица со локален водич
-
Туристичка такса
-
Организација, реализација и
придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
-
Задолжително патничко осигурување.
-
Излет до Ѓавола Варош (автобуски
превоз, локален водич и влезница) - 5€ доплата на лице место.
-
Индивидуални трошоци (масажи,
пијалок и останати неспоменати услуги)
Попусти
и опционални доплати:
-
Доплата за еднокреветна соба
+30€/1.860ден
-
Дете 2-9год. на дополнителен
кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 25€/1.550мкд
-
Дете 9-14год. на дополнителен
кревет (фотеља на извлекување) во придружба на 2 возрасни плаќа 75€/4.650мкд
-
Трет возрасен на дополнителен
кревет плаќа полна сума (на барање)
-
Намалување за сопствен превоз
-10€/620ден по патник
-
Доплата за одбирање на ред на
седење во автобус +10€/620ден (мин. 2 седишта)
-
Доплата за користење на
дополнително седиште во автобус +35€/2.170ден
НАПОМЕНИ:
-
За ова патување потребно e да поседувате валиден
биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
-
За реализација на патувањето потребен е минимум од 30
патници.
-
Капацитетот на автобусот за ова патување е 50% исполнетост
според моменталниот протокол за автобуски сообраќај.
-
За ова патување не е потребен PCR тест.
- За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи,
задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници
кои не патуваат заедно.
- При влез во автобус задолжително мерење на телесна
температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура
лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за
меѓународен сообраќај.
-
За време на патувањето во автобус задолжително е носење на
заштитна маска со која се покрива устата и носот.
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да
внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги
почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
-
За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од
најмалку 1000ден доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
-
Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат
седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања
за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
-
Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска
противвредност по курс 1€=62мкд.
-
Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 20
патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува
правото за отказ на факултативата.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските
услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски
услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот
најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица
предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот
на активности во програмата.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ.