11 ОКТОМВРИ ВО ТИРАНА
10.10.2020 - 12.10.2020
5 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА
ПРОГРАМА
1 ден (10.10.2020 - сабота) | Скопје – Елбасан - Тирана
Состанок со групата во Скопје, во раните утрински часови. Поаѓање за Албанија, со попатни паузи и царински формалности.Во претпладневните часови пристигнување во Елбасан.Неколкучасовен разглед на градот.
Елбасан e град vo централна Албанија. Градот е основан во 1466 година од страна на отоманскиот султан Мехмед II, на местото на античкиот Скампес, како основа за неговите воени операции против албанскиот командант Скендербег. Архитектонските остатоци од поранешниот ѕиден град се видливи и ден денес.Градот е познат како центар за производство на маслиново масло, жито и тутун, и развиена индустрија за преработка на дрво, произвдство на цемент и сапун...
Во договорено веме, продолжуваме кон Тирана. Главниот гррад на соседна Албанија. Сместување во хотел. Слободни активности и ноќевање.
2 ден (10.10.2020- недела) | Тирана
Појадок. По појадокот следува организиран разглед на Тирана. Прошетки низ центарот на градот каде се сместени сите знаменитости : плоштадот Скендербг, Операта, Џамијата Етем беј; Националната библиотека; Саат кулата - симбол на градот, остатоците на Јустинијановата тврдина, културниот центар - поранешниот музеј на Енвер Хоџа, националниот историски музеј….По завршување на разгледот наш предлог е посета на најпознатиот видиковец на планината Дајти (со доплата), до кој што се стигнува со жичница.Планината Дајти е прогласена за национален парк и на висина од 1050 м. до каде што се пристигнува со жичницата, се гледа прекрасна панорама на Тирана. Во склоп на видиковецот постои ресторан на традиционални јадења...За оние што нема да се одлучат за посета на видиковецот, им преостанува слободно попладне за да ги прошетаат продавниците, да се напијат кафе или пробаат некое национално јадење во многубројните ресторани во центарот на градот. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден (11.10.2020 - недела) | Тирана – Драч - Скопје
Појадок. Денешниот ден е предвиден за посета на најпзнатото пристаниште во Албанија – Драч. Разглед на градот: националниот музеј, римскиот Амфитеатар, шеталиштето долж брегот... Драч е најстар град во Албанија со 3.000 години долга историја, затоа овде може да се сретнат многубројни археолошки наоѓалишта...Следуваат индивидуални прошетки, а во договорено време се враќаме назад кон Скопје.Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА – 95 € (5.890 мкд.) – за првите 10 места
РЕДОВНА ЦЕНА – 105 € (6.510 мкд.)
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација;
- Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Тиранa на база на 2 ноќевање со појадок;
- Разглед на Елбасан
- Разглед на Тирана
- Разглед на Драч;
- Придружник на патувањето
- Организација и реализација на програмата;
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативна посета - видиковец планина Дајти (жичница – 10 евра)
- Индивидуален трошок за ручекот
- Влезници за музеи и културно – историски споменици
- Патничко осигурување
Општи напомени:
- Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
- Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
- За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патника;
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум од 3 месеци по завршувањето на аранжманот,
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
Минимум од 25 патника за реализација на факултативи !!!
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А.АтлантиС