Тирана – Нова Година
31.12.20 - 02.01.2021
организиран превоз / 3 дена / 2 ноќевања
1 ден (31.12.2020) Четврток: Македонија – Тирана
Состанок на групата на
паркингот на спортска сала Битола во 06:00 ч наутро.
Поаѓање за Тирана во 06:15 ч од
Битола, попатнo Охрид ,
Струга (се застанува доколку има патници), се продолжува преку граничен премин
Ќафасан, цариснки формалности, попатни одмори.
Продолжуваме на патот за Тирана, преку Елбансан и пристигнување во Тирана околу 11:00ч.
Пристигнување во Тирана , сместување во хотел As Tirana
Hotel **** . Краток одмор.
Разглед на градот со локален водич (Саат Кулата, Католичката Катедралата Св.
Петар, Националниот Историски Музеј, Пирамида,
Блокот, улицата Буш, Националната уметничка Галерија, плоштад Мајка Тереза,
Православната Катедрала). По
завршување на разгледот слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на
Тирана. Дочек на Нова Година.
Патниците кои ќе користат Гала вечера остануваат во хотелот , а патниците кои
не одбрале да имаат гала вечера вечера во хотел имаат индивидуални активности
за дочек на Нова Година во Тирана.
2 ден (01.01.2021) Петок: Тирана - Драч
Доручек. Brunch style oд 09:00 до 13:00 После доручекот, слободно време во Тирана.
Континенталниот доручек вклучува слатки и солени печива, јајца, салати, овошје, зеленчук, моцарела, како и јогурт, житарици,
сокови, топли пијалоци. По Brunch доручекот
предвидена факултатна посета на Драч. Поаѓање околку 12:00 часот ( возење
околку 45 мин. ). Пристигнување во Драч околку 13:00 часот, слободно време за разглед на градот и индивидуални активности за
ручек или кафе. Во договорено време со групата , предвидено поаѓање кон Тирана
околку попладневните часови. Слободно време во хотел за одмор. Во попладневните часови вечера во ресторанот
на хотелот со избор од три различни јадења.
2 ден (22.12.2019) недела: Тирана – Македонија
Појадок. Одјавување од хотел. Во 10 часот поаѓање кон шопинг центар, слободно време за шопинг и индивидуални активности.
Во попладневните
часови заминување за Македонија, попатни одмори, царински формалности.
Пристигнување во Македонија околу
22:00ч / 23:00ч.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ
без Новогодишна гала вечера во Хотел со
1 Полупансион и 1 појадок
5.550 денари
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ
со Новогодишна Гала вечера во Хотел - Се вклучено , пијалоци вклучени,шампањ и
коктел забава
8.370 денари
Во цената Е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- 2 ноќевања 1 полупансион и 1 појадок или 2 ноќи се вклучено во
хотел As Tirana Hotel ****
https://www.astiranahotel.com/
- Разглед на Тирана
- Посета на шопинг центар
- Придружник од агенцијата
- Организација и реализација на аранжманот
Во цената НЕ Е вклучено
- Факултативна посета на Драч ( минимум 10
патници )– 10 евра
- Индивидуален трошок
- Влезници за музеи и
културно – историски споменици
- Патничко осигурување
- Неспомeнати услуги
- Личен трошок на патниците
Информации
и практични совети
АЛБАНИЈА (потребни документи за патување пасош или лична карта )
Протокол
за патување :
- Отворени се границите
- Не е потребно
одобрение за влез
- Не е потребен ПЦР тест
- Не е потребен
карантин
- Не е потребна самоизолација
- официајлна валута е Лек ( 1 денар
= 2 леки )
- во Р.Албанија може да се патува и со
македоснка лична карта
- Битола – Тирана 200
км во еден правец
- Тирана – Драч 38 км во еден правец
Препорака на места кои можите да ги посетите за време на индивидуалните
прошетки и слободното време:
1. Плоштадот
Скендербег
2. Национален историски музеј,
3. Саат кула
4. Национална галерија на уметности
5. Пирамида
5. Плоштад Мајка Тереза
6.Палатата на
претседателот, Палатата на конгресите,
7.Археолошкиот музеј
и Академијата за уметности.
Предлог ресторани : Gambero Gourmet, Uka Farm, Season Restaurant, Pizzeria
Pavarotti
Предлог места за тие кои сакате да го искусат ноќниот живот :
Hemingway Bar, Radio
Bar, Shamrock Irish Pub, Small Tirana ..
ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ И НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот потребен е минимален број
15 платежни патници.
Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен
број пријавени патници да го откаже патувањето а за тоа ги извести патниците 5
дена пред датата на патувањето.
Минималниот број на патници за реализација на
факултативни екскурзии е 10 патници.
Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата
не се реализираат, а се предизвикани од непредвидени околности/оправдани
причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, или
природни катастрофи, агенцијата не сноси одговорност
Агенцијата го задржува правото за промена на цените во
случај на промена на цените во транспортот и патни трошоци.
Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски
со пријавувањето на патниците на денот на реализирање и авансната уплата –
договорот ( нема можност за измена ).
Во Р.Албанија може да се патува и
со македоснка лична карта.
Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на
поедини содржини во програмата.
Организаторот/ на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и
други исправи на патниците.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување
важат и се применуваат Општите услови за патување на СКТМ.