- Работно време од 08:00 - 18:00
- #B2CHeaderEmailAddress#
Париз во Октомври
- Општи информации
- Галерија
ПАРИЗ
30.10. – 02.11.2026
4 дена/3 ноќевања
Париз - градот на Светлината,
препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шанзелизе, музејот Лувр,
Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот
Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која нема крај.
Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр - сликарската „Мека“, Пигал -
најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град на сите
уметности и светската мода, незаборавен по многубројните туристи, кои во текот
на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не’ врзуваат парфемите,
виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100 km метро и уште многу светски
познати имиња. Париз е град кој никогаш, никого не остава рамнодушен. Проверете
зошто е тоа така...
ПРОГРАМА
1 ден (петок)|
Скопје - Париз
Состанок
на групата на скопскиот аеродром во 04:00 часот. Полетување кон Париз во 06:00
часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот
Буве (Beauvais) во 09:05 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер
до хотел за оставање на багаж и продолжуваме на пешачка тура со локален
водич.Во попладневните часови се сестуваме во хотел. Слободно време за одмор и
слободни активности. Ноќевање.
2 ден (сабота) | Париз
разглед – Версај - Крстарење по Сена
Појадок во хотел. По појадокот предлагаме
факултативна посета на величествениот дворец Версај (15 km ), изграден од
францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек - дело на уметноста од 17-ти
век. (во разгледот не се вклучени градините). Враќање назад кон Париз (15 km). По
завршување на посетата на Версај, следува слободно време во центарот на Париз и
крастарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате
магијата на Париз од различна преспектива. Враќање назад во хотел.Ноќевање.
3 ден (недела) |
Лувр - Ајфелова Кула
Појадок во хотел. По појадокот можност за
факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр,кој 700 години
бил резиденција на француските кралеви, се до нивната преселба во Версај. Овде
се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза. Во
попладневните часови можност за посета на Ајфеловата кула(индивидуално) и
уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно
архитектонско издание. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во
хотел со метро. Ноќевање.
4 ден
(понеделник) | Париз - Скопје
Појадок во хотел и
одјавување. Организиран трансфер до аеродромот Буве (Beauvais). Полетување кон
Скопје во 09:40 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во
Скопје во 12:25 часот.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА
ПО ЛИЦЕ : 479
€
за првите 6 места !
ЦЕНА
ПО ЛИЦЕ : 529
€
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Директен лет на релација
Скопје - Париз - Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
- Аеродромски такси
- Мала кабинска
торба од (40 x 30 x 20 cm);
- Организирани трансфери
аеродром - хотел - аеродром;
- Сместување во хотел 3*, на
услуга BB;
- Организирани прошетки
според програматa;
- Организација на аранжманот
и придружник на патувањето;
Во цената на аранжманот НЕ е
вклучено:
- Туристичка такса 5 € по лице на ноќ - се плаќа во хотел;
- Доплата за еднокреветна
соба 150 Еур.
- Патничко осигурување;
- Билети
(карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро
ДОПОЛНИТЕЛНИ ЕКСКУРЗИИ :
- Пешачки разглед со локален
водич - 25 €;
- Посета на Версај - 80 €
со вклучена влезница за дворецот (градините не се вклучени во цената),
локален водич, трансфер ;
- Крстарење со брод по Сена
- 25 €;
- Посета на Лувр - 45 € (индивидуална
влезница со термин, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во
агенција);
- Влезница за Ајфелова Кула (на лице место) индивидуално – информативни
цени - до втор кат - 28 €, до трет кат - 40 € (со лифт);
- Дизниленд – цена за
влезница при уплата поради променлив карактер на истите
Задолжително пријавување на минимум две
екскурзии при уплата во агенција !
Општи напомени:
- Организатор на аранжманот
е Т.А. АтлантиС;
- Резервација се прави со
уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
- Целосна уплата на
аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
- Цените на аранжманот се
дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62
денари;
- За реализација на
аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
- За ова патување мора да
имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на
аранжманот
- Организаторот го задржува
правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената
на превозот или хотелот;
- Во случај на недоволен
број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже
во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
- Организаторот го задржува
правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на
промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
- За време на панорамски
разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните
згради, институции или културни споменици;
- Организаторот го задржува
правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
- Организаторот на
патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај
на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница,
доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од
локалитетите предвиден за посета и слично.
За оваа
програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС







