- Работно време од 08:00 - 18:00
- #B2CHeaderEmailAddress#
Рим - Октомври
- Општи информации
- Галерија
РИM - ОКТОМВРИ 🇮🇹
Рим - Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието на градот. Вечниот град или градот на седум ридови се само некои од епитетите кои Рим ги носи над три илјади години од своето постоење. Со векови бил главен град на најмоќното царство во историјата на Европа и многу подолго духовен центар на католичката религија и седиште на градот - државата Ватикан. Туристите секогаш го опишуваат како посебен и единствен град, а италјаните знаат да кажат дека Рим е посебен свет. Како древен град, со голем број на споменици Рим е музеј на отворено, но истовремено и модерен град кој постојано е во тек со трендовите. Полн со вибрации на современ град кој со помош на новите технологии, архитектура, уметност, мода и кулинарски вештини, постојано привлекува нови туристи. Рим е, но и останува популарен како што некогаш бил, кога луѓето од сите страни на Римското царство доаѓале да го видат неговиот величествен сјај.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 499 €
за првите 6 места
РЕДОВНА ЦЕНА : 559 €
• Директен лет на релација Скопје - Рим - Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
• Аеродромски такси
• Организирани трансфери: аеродром - хотел - аеродром;
• Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
• Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* или 4* (централно подрачје)
• 3 ноќевања со појадок;
• Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето;
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Доплата за 20 kg багаж (куфер);
• Доплата за еднокреветна соба – 105 €
• Туристичка такса – 7,5 € по лице на ден
• Билети за јавен превоз со метро;
• Патничко осигурување;
Цени за дополнителни екскурзии :
• Организиран разглед на Рим со локален водич - 25 €;
• Организирана факултативна посета на Ватикан и Систинската капела - 70 € (со локален водич и влезница)
• Организирана посета на Тиволи, со локален водич, влезница за Villa D`Este - 70 €;
Напомена:
Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција при уплата на арнжманот. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место.За реализација на истите потребно минимум од 16 лица. ЗАДОЛЖИТЕЛНO ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА МИНИМУМ ЕДНА ЕКСКУРЗИЈА !
Општи напомени:
• Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
• Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
• Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
• Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
• За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;
• За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
• Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
• Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
• Организаторот го задржува правото за промена на цените на дополнителните екскурзии, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
• За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
• Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
• Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.



