Search
Пребарување на хотел
- Работно време од 08:00 - 18:00
- e-mail адреса info@atlantis.com.mk
Види ги сите фотографии
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
Резултатот не е пронајден, се извинуваме
Не можевме да најдеме резултати за вашето пребарување. Пробајте да ги промените датумите или вашата област за пребарување, можеме да помогнеме подобро.#
Информации за хотелот
Краток опис
Сместен на Егејскиот брег, овој хотел нуди приватна плажа, 3 големи отворени базени со тобогани и спа центар. Гостите имаат на располагање климатизирани простории со бесплатен Wi-Fi.
Плажа
Хотелот се наоѓа на прекрасната плажа Long Beach.
Facilities
Во цената не е вклучено:
Со доплата може да се користи телефон и факс, медицински услуги, фризер, перална, Спа центар (масажа, третмани за убавина и пилинг третмани), видео и компјутерски игри, собна услуга, спортови на вода (моторизирани).
Локација
Хотелот се наоѓа на 200 m од приватната хотелска песочна плажа, околу 6 km од Кушадаси, а аеродромот во Бодрум е оддалечен 120km од хотелот.
Концепт за исхрана
Сите оброци се служат во главниот ресторан на база шведска маса. Кинески, мексикански и италијански јадења се подготвуваат во à-la-carte ресторанот. Можете да уживате во одлични коктели во хотелските барови. Обезбедени се бесплатен попладневен чај во 17:00 часот и попладневни закуски.
Спорт и рекреација
Хотелот има спа центар со турска бања, сауна и внатрешен базен, како и опремен фитнес ценар. Во склоп на хотелот има Aqua Park со 3 тобогани, како и мини клуб за деца од 4-12 години. За гостите на хотелот овозможено е бесплатно користење на тениско игралиште (во текот на денот), фитнес центар, анимација (дневна и вечерна), мини-голф, мини-фудбал, пикадо, куглање, крпи во спа центарот, влез во дискотеката. Пешкири за плажа и душек за сончање се достапни со наплата.
Важни информации
За овој аранжман важат општите услови на патување на AtlantiS, кои ги добивате со резервирање на вашата соба.
Цените се изразени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд
Карактеристики за хотелот
Дополнителни информации
Сместување
Собите во Batihan Beach Resort & Spa имаат бања (туш кабина, тоалет и фен), клима уред, минибар (со доплата), сеф (со доплата), бесплатна Wi-Fi конекција, САТ-ТВ и балкон ( со поглед кон море, базен или градина). Некои соби имаат поплочено двориште со приод кон базенот.
General Warning
Хотелските соби може да варираат во големина и
дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат
право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни
трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.
Пансион
Хотелот работи на All Inclusive концепт.
За хотелот:
Batihan Beach Resort има рецепција, лоби, отворен базен со оддел за деца, 3 ресторани, 2 барови, ноќен клуб, приватна плажа, спа содржини и бесплатна Wi-Fi конекција.