Политика за приватност
"Kористиме "колачиња" (cookies) за да обезбедиме најдобро корисничко искуство и функционалност на веб страната. Ако продолжите, ќе претпоставиме дека разбирате и прифаќате.​
Повеќе информации можете да добиете на следниот линк политика за колачиња
Прифаќам

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Последно ажурирање на: 11/04/2023 година

 

 

Оваа Изјава на приватност се однесува на приватноста на податоците кои што се наоѓаат на веб страницата www.atlantisonline.mk и кои што се собрани при користење на таа страница и зачувани во базата на податоци на Контролорот Друштво за туризам и угостителство АТЛАНТИС ДООЕЛ Струмица, со седиште на ул: Димитар Влахов бр.18 во Струмица, ЕМБС: 4372204 и ЕДБ: 4027992107995.  (во понатамошниот текст АТЛАНТИС)

 

I. ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ

  • Оваа Изјава за приватност е со цел да Ве информираме за видот на информациите коишто ги прибираме преку нашата веб страница и за што се користат овие информации.
  • АТЛАНТИС ги третира личните податоци коишто ги добива преку својата веб страница со должно внимание и ги обработува целосно во рамките на законската регулатива за заштита на личните податоци и приватноста на поединецот.
  • Оваа Политика за приватност се однесува исклучиво на корисниците на веб страницата www.atlantisonline.mk. АТЛАНТИС не презема било каква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат другите интернет страници.

 

II. КАКО ГИ ШТИТИМЕ ВАШИТЕ ИНФОРМАЦИИ?

  • Ние применуваме сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоците што не се лични, а се складирани во нашата датабаза.
  • Сите наши вработени се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со Вашите податоци како со информации од доверлива природа.
  • Сите лични податоци кои корисникот директно и доброволно ги внесува (доставува) преку веб страницата нема да се објавуваат или откриваат на трета страна освен на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.

 

III. КАТЕГОРИИ НА ПОДАТОЦИ КОИ СЕ ОБРАБОТУВААТ

  • Податоци за навигација

При посетата на нашата веб страница, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци: Вашата интернет протокол (IP) адреса; уредот од кој пристапувате, вид и модел; Вашиот оперативен систем; видот на пребарувачот, plug-ins и верзија; страните кои ги посетувате на нашата веб страница и времето кое го минувате на секоја страна; јазикот на пребарувачот кој го користите; држава (се одредува преку IP адресата).

  • Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб страница, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели. Може да собереме некои од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, датум на раѓање, контакт телефон, факс, email и потпис. 

 

IV. ЧИИ ПОДАТОЦИ СОБИРАМЕ?

  • Податоци од посети на нашата веб страница www.atlantisonline.mk. 

Вообичаено собираме податоци кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб страница како и за одржување на нејзината информациска сигурност. За подетални информации види во нашата Политика за колачиња („cookies“).

  • физички лица кои поднесуваат барања или известувања до АТЛАНТИС. 

Овие податоци содржат информации за идентитетот на подносителот кој директно и доброволно ги внесува и испраќа своите податоци преку веб страницата.

  • Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи го Вашето користење на нашата веб страницa и преку формите за аплицирање. Вклучување во идентификациски активности и давање на лични податоци е самостојна одлука на корисникот. Доколку корисникот самостојно не ги даде тие задолжителни информации за одредената активност која што се бара, нема да му биде допуштено вклучување во таква активност.
  • Кога корисникот ќе се вклучи во одредени активности на www.atlantisonline.mk како што се создавање на корисничко име, правење на нарачка за производ или услуга, пополнување на формулари, анкети, објавување на коментари, испраќање на повратни информации, АТЛАНТИС може да побара од корисникот одредени информации кои најчесто се сведени на: име и презиме, датум на раѓање, поштенска адреса, е-mail адреса и телефонски број. Во зависност од активноста, некои од податоците се означени како задолжителни, а други како доброволни. Доколку не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност. 
  • Со внесување на e-mail адреса во делот за пријавување на нашиот билтен корисникот е согласен за испраќање на административни и промотивни e-mail пораки (директен маркетинг). Доколку крајниот корисник не сака да добива промотивни e-mail пораки во било кое време може да ја одбере опцијата за откажување на добивање на e-mail пораки, со испраќање на e-mail порака на info@atlantis.com.mk или со одбирање на опцијата откажување од ‘newsletter’ која што се наоѓа на секоја ‘newsletter’ порака.
  • АТЛАНТИС не собира информации од финансиска природа како број на картичка и/или број на банкарска сметка. АТЛАНТИС нема било каков пристап до тие податоци. Притоа, податоците поврзани со картичката или банкарската сметка се испраќаат директно до банката преку шифрирана врска и истите се чуваат според највисоки критериуми за сигурносно работење согласно банкарската политика.
  • Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и АТЛАНТИС не превзема одговорност за истото.

 

V. КАКО ГИ КОРИСТИМЕ СОБРАНИТЕ ИНФОРМАЦИИ?

  • АТЛАНТИС ги собира и користи информациите од корисниците за следниве цели:
    - За подобрување на нашата веб страница,

- За подобрување на услугите и грижа кон клиентите,
- За администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страницата, за праќање на корисничките информации
 и обработка на барања за резервации, нарачки, критики, предлози, вработување доколку се обратите до нас преку веб страницата, за заштита на безбедноста и спречување злоупотреби.

  • Ние ги користиме личните податоци за да Ви обезбедиме производи и услуги, за да го подобриме работењето на веб страницата, да ја анализираме корисноста на веб страницата, за да ги подобриме нашите понуди и да го прилагодиме Вашето искуство.
  • АТЛАНТИС може да сподели некои од личните податоци на корисникот со давателот на услугата (за остварување на нашите административни задачи со бизнис соработници, крајни продавачи на услуги, бизнис провајдери за дистрибуција на производите и услугите за исполнување на нарачките, за испорака на пакетите, испраќање на пораки и e-mail пораки, решавање на проблеми како и заштита на нашиот правен интерес, безбедноста или кога споделувањето на личните податоци се бара во случаи предвидени со закон). Kако дел од нашите постапки за резервирање и реализација на купената услуга побарана од Ваша страна, основни податоци мора да се даваат на трето лице кое учествува во реализацијата на услугите. 

Ние ќе споделуваме идентификациони податоци со продавачот само доколку се вклучите во некоја активност која бара идентификација и само со продавачот кој е вклучен во таа активност за која се барало идентификација. Ние не преземаме било каква одговорност за постапките на крајните продавачи и немаме никаква одговорност за активностите на крајните продавачи и нивните активности не се под наша контрола.

  • АТЛАНТИС не ги продава или изнајмува Вашите лични податоци на други лица.
  • Податоците кои ги собираме се чуваат во рок согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во планот и листите согласно прописите за архивски материјал и списокот со рокови на чување на личните податоци на АТЛАНТИС.

 

VI. КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА И ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?

  • Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

             • право да бидете информирани за обработката на личните податоци;

             • право на пристап до личните податоци;

             • право на исправка и бришење на личните податоци;

             • право на ограничување на обработката на личните податоци;

             • право на приговор.

  • АТЛАНТИС во својство на Контролор на лични податоци го има именувано овластеното лице Павлина Поповски - Офицер за заштита на лични податоци, достапно на е-mail: [email protected], тел. +38934345212; моб. +38975990430.
  • За дополнителни информации во врска остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, видете во нашето Упатство за информирање на субјектот на личните податоци.
  • Во секое време, Вие можете да поднесете барање и до Агенцијата за заштита на лични податоци, доколку сметате дека начинот на кој АТЛАНТИС ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци.

 

 

VII. ВЕБ-СТРАНИЦИ НА ТРЕТИ ЛИЦА

  • Корисниците може да најдат реклами или друга содржина на нашата веб страница, кои водат кон други страници и сервиси на наши партнери, снабдувачи, рекламни фирми, спонзори и други трети страни. Ние не ја контролираме содржината или врските што се присутни на тие страници и не сме одговорни за страниците што се поврзани кон или од нашата страница. Овие сервиси имаат сопствена политика за приватност на нивните веб страници и посебна политика за односи со клиенти. Пребарувањето и интеракцијата со која било друга страница, вклучувајќи ги страниците што имаат врски кон нашата веб страница е предмет на конкретните правила и политика на односните страници.

 

VIII. ПРОМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ

  • АТЛАНТИС има право да ја ажурира оваа политика за приватност во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе го ревидираме датумот на ажурирање и ќе ја поставиме изменетата верзија.
  • Секој корисник е самостојно одговорен и должен периодично да ја посетува оваа страница и да ги согледа промените во Политиката за приватност. 

 

 

ДТУ АТЛАНТИС ДООЕЛ Струмица

Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.

our e-Mail Newsletter;
our e-Mail Newsletter;
Придружи се на нашиот Newsletter / За согласност и одјавување прочитајте во политика за приватност
Маилинг Пошта

Содржина на маилинг листа

Име
Презиме
Маил
Во ред

Маил-от е успешно пратен

Предупредување

Настана грешка при праќање на маил - от.