Запознајте не
ДТУ ДООЕЛ Атлантис Струмица
е приватна туристичка агенција, основана на 24-ти мај, 1995 година. Атлантис е постојана членка на IATA(International Air Transport Association) и СКТМ (Стопанска комора за туризам на Македонија), исто така е активен постојан член на разни асоциации и здруженија сврзани со туристичката дејност. Атлантис поседува А лиценца за вршење на туристичка дејност.
Т.А. Атлантис
одсекогаш завзема солидно место и сериозен пристап во туристичката дејност. Од своето постоење, па до денес Атлантис е препознатлива агенција по својот перманентен растеж во речиси сите сфери на локално и меѓународно рамниште. Се одликува со ексклузивни и висококвалитетни аранжмани и квалифициран кадар за различни профили.
Стратегија на Атлантис е континуирано да ги подобрува сите свои процеси од својата дејност:
Сектор за развој
| Сектор за продажба
| Сектор за превоз
| Сектор за подршка
|
Политиката за квалитет взаемно е поврзана со политиката во нашата агенција и затоа во нејзина основа е:
Грижа и мотивација на нашите вработени преку давање на континуирани обуки, подигнување на свеста преку организациски методи за квалитет и овозможување на максимално прилагодливи услови;
Професионален однос, комуникациски вештини и постојана грижа да ги задоволиме барањата на нашите корисници и да ги надминеме нивните очекувања;
За работната средина се грижиме со посебно внимание. Модерни системи и современа технологија за континуирана следливост и организираност со што на нашите кортисници им нудиме најдобар можен квалитет;
Нашиот успех во нагорна линија беспрекорно го следиме судејќи по препознатливоста на туристичката сфера, судејќи по годините зад нас (постоиме од 1995г.), иновацијата, постојаноста пронижена со растеж и богата понуда на активности, големи проекти акредитирани и признаени од високо поставени инстанции;
Секако, не на последно место, наша инспирација и наша водечка сила е нашата лојална и верна клиентела и долгогодишни партнери. Нивното задоволство и нивниот повратен одговор се наше мерилo да ги унапредуваме и прошируваме нашите надлежности.
Сопствен возен парк од високотуристички автобуси, минибуси и автомобили
Регистерски број: SR-2612-AC
Вид, марка и тип: М3-PATNICHKO, SETRA, S 416 GT-HD
Бр. на седишта: 53+2
Регистерски број: SR-3993-AC
Вид, марка и тип: М3-PATNICHKO, SCANIA, OMNI EXSPRESS
Бр. на седишта: 53+2
Регистерски број: SR-212-BS
Вид, марка и тип: AVTOBUS, VOLKSWAGEN, CRAFTER
Бр. на седишта: 19+1