"Kористиме "колачиња" (cookies) за да обезбедиме најдобро корисничко искуство и функционалност на веб страната.
ОПШТИ УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА УПОТРЕБА
НА ВЕБ СТРАНИЦАТА WWW.ATLANTISONLINE.MK
Последно ажурирање на: 14/03/2023 година
www.atlantisonline.mk – регистриран домен во сопственост и управуван од страна на правното лице Друштво за туризам и угостителство АТЛАНТИС ДООЕЛ Струмица, со седиште на ул: „Димитар Влахов“ бр.18 во Струмица, ЕМБС: 4372204 и ЕДБ: 4027992107995.
(во понатамошниот текст АТЛАНТИС)
Услугите се состојат од обезбедување на информации, управување со содржини и вршење на финансиски трансакции.
Податоците и информациите објавени на оваа веб-страница сѐ од информативен карактер и се сметаат за точни во времето на нивното последно ажурирање.
АТЛАНТИС секогаш се труди за точноста на информациите но, можни се отстапувања и пропусти во информирањето. АТЛАНТИС не гарантира за точноста, актуелноста и потполноста на објавените информации и не ја презема одговорноста за неправилната употреба на овие содржини.
I. УСЛОВИ И ПРАВИЛА
Со посетата на нашата веб-страница Вие како корисник сте согласни во целост со нашите Општи услови и правила за употреба и ја прифаќате Политиката за приватност. Доколку не се согласувате (целосно или делумно), Ве молиме истата да не ја употребувате.
АТЛАНТИС го задржува правото во секое време да изврши ревидирање, дополнување или измена на податоците и информациите и правото да ја менува содржината и структурата на веб-страницата во секое време и без претходна најава.
Поради тоа, се препорачува на корисниците од време на време повторно да ги прочитаат информациите содржани во Општите правила и услови за употреба, Политиката за приватност и останатите објавени правила и напомени за корисниците со цел да бидете информирани за ваквите промени. Со континуираната употреба на веб-страницата се смета дека корисникот е согласен со новите изменети услови и правила.
АТЛАНТИС го задржува правото да одбие или престане да ги нуди услугите во кое било време и од која било причина.
АТЛАНТИС го задржува правото во кое било време да ги промени цените и услугите или целосно да ги прекине, без претходно известување. АТЛАНТИС нема да се смета за одговорна кон Вас или кон трети лица за какви било промени, намалување или зголемување на цени и прекинување на услугите.
АТЛАНТИС ќе се залага за оперативност на својата веб-страница 24/7 во неделата. Во случај на привремена недостапност односно прекин на пристапот до страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контрола на АТЛАНТИС, не преземaме било каква одговорност и не можеме да Ви гарантираме постојан пристап.
Корисникот е запознаен со фактот дека понекогаш се доведува до прекин на услугите, или за настани кои се надвор од контролата на АТЛАНТИС и се согласува дека компанијата АТЛАНТИС нема да одговара за било каква загуба на податоци што може да се случи за време на преносот на информациите на интернет.
АТЛАНТИС го задржува правото да коригира грешки, неточни информации и испуштени податоци и да ги промени или откаже понудите и нарачките доколку некои од информациите на веб-страницата се неточни во кое било време.
Компанијата АТЛАНТИС не е одговорна за точноста или веродостојноста на секое мислење или изјава која е објавена на веб-страницата од неовластено лице на компанијата АТЛАНТИС.
АТЛАНТИС не гарантира на кој било начин, експлицитно или имплицитно, реалност, навременост и комплетност на податоците и информациите презентирани на веб-страницата.
Сите недоследности или грешки што можат да се појават во кое било време помеѓу содржината на веб-страницата и реалните информации не подразбираат никаква одговорност за ДТУ АТЛАНТИС ДООЕЛ.
Податоците и информациите достапни на јавноста на оваа веб-страница не претставуваат препораки, гаранции, совети или обврски на АТЛАНТИС.
АТЛАНТИС не може да одговара за кое било лице / субјект за каква било штета што може да се случи, директно или индиректно, преку употреба на веб-страницата www.atlantisonline.mk или како резултат на каква било грешка или пропуст.
АТЛАНТИС исто така, делува како агент за независни добавувачи како што се: авиокомпании, хотели, компании за изнајмување автомобили и други даватели на услуги за патувања и нивните понуди и информации им ги презентира на корисниците.
АТЛАНТИС не презема никаква одговорност за патничките производи и услуги што ги нудат добавувачите и не гарантира на кој било начин (експлицитно или имплицитно) за точноста или квалитетот на производите и услугите рефлектирани на оваа веб-страница.
Корисникoт потврдува дека условите на ова поглавје се применуваат на целата содржина на веб-страницата www.atlantisonline.mk.
Правните спорови кои можат да произлезат како резултат на користење на оваа веб-страница (освен ако со посебен договор не е поинаку наведено) ќе се решат спогодбено помеѓу двете страни а во спротивно, надлежен за решавање ќе биде Основниот Суд во Струмица.
II. СОПСТВЕНИЧКИ ПРАВА
Целата содржина на оваа веб-страница, вклучувајќи ја формата, изгледот, фотографиите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци претставуваат ексклузивно право на компанијата АТЛАНТИС или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и/или дизајн.
Веб-страницата содржи материјал заштитени со авторски права, заштитен знак, дизајн и други информации кои се опфатени со другите правни ентитети, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, видео клипови, графика, музика, звук, и целата содржина на веб-страницата, во согласност со македонските прописи.
Преземањето на информации и мултимедијални содржини, како и нивната дистрибуција, пренос или користење на линкови од оваа веб-страница е строго забрането без претходна писмена дозвола од страна на сопственикот.
Корисникот е исклучиво одговорен за било каква штета што може да резултира од прекршување на авторски права, заштитен знак и друга злоупотреба на правата на интелектуалната сопственост, или било кои прашања кои произлегуваат во врска тој материјал.
III. БЕЗБЕДНОСТ
АТЛАНТИС не презема одговорност за евентуални загуби или штети кои би можеле да настанат при посета и користење на податоците и информациите од веб-страницата, како што се губење на информација, штета на услуга и слично.
АТЛАНТИС не ја гарантира безбедноста доколку на веб-страницата има поставено линк од друга веб-страница и не презема било каква одговорност во однос на заштита на личните податоци на тие страници.
Поврзаните локации не сѐ во надлежност ниту сѐ под контрола на АТЛАНТИС и истиот се иззема од одговорноста за содржините на која било поврзана локација или која било измена или ажурирање. Вклучувањето на кој било линк/врска не повлекува и поддршка на таквите локации од страна на АТЛАНТИС.
Заради системска заштита, секогаш кога ќе ја посетите нашата веб-страница, нашиот веб сервер привремено го регистрира Вашиот домен и IP адресата на работната станица, заедно со уште неколку технички податоци во врска со сесијата т.е. посетата на веб-страниците. Исто така, во одредени случаи ќе запишеме информации во форма на „Cookies“ на Вашиот компјутер, со цел да ја приспособиме посетата на веб-страницата според Вашите потреби и навики.
IV. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Корисникот е согласен сите податоци вклучувајќи ги и личните податоци кои директно и доброволно ги доставува преку оваа веб-страна да бидат обработувани и користени од страна на АТЛАНТИС за понудените услуги, рекламирањето на производите и услугите, реализирање на испораката и плаќањето.
Вашите лични податоци ќе бидат користени за обработка и директен маркетинг само врз основа на Ваша изречeна согласност и само во обем неопходен за секој поединечен случај. Вашата согласност за обработка на личните податоци можете да ја повлечете бесплатно и во секое време.
Сите наши вработени се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со Вашите податоци како со информации од доверлива природа.
Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и АТЛАНТИС не презема никаква одговорност за истото.
За подетални информации во врска со заштитата на личните податоци види во Политиката за приватност.
V. СОГЛАСНОСТ И ОДГОВОРНОСТ
Со пристапување и натамошно користење на нашата веб страница, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и ги прифатил сите услови и начинот на примена од страна на www.atlantisonline.mk.
Доколку корисникот не се согласува со нашите Општи услови и правила за користење на веб страницата, Политиката на приватност и Политиката за колачиња („cookies“), го упатуваме да ја напушти, односно да не пристапува и да не ја користи оваа веб страница.
Со внесување на e-mail адреса во делот за пријавување на нашиот билтен корисникот е согласен за испраќање на административни и промотивни e-mail пораки (директен маркетинг). Доколку крајниот корисник не сака да добива промотивни e-mail пораки во било кое време може да ја одбере опцијата за откажување на добивање на e-mail пораки, со испраќање на e-mail порака на info@atlantis.com.mk или преку опцијата за откажување од ‘newsletter’ која што се наоѓа во прилог на секоја ‘newsletter’ порака.
Со самата употреба на веб страницата, купувачот физичко лице потврдува дека: има деловна способност, информациите кои ги има обезбедено се валидни во моментот на регистрација и за време на процесирање на нарачката.
Со самата употреба на веб страницата, купувачот правно лице потврдува дека: е легално регистрирано и постои согласно законите на матичната земја, информациите кои ги има обезбедено се валидни во моментот на регистрација и за време на процесирање на нарачката.
VI. ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА
Секој корисник е самостојно одговорен и должен периодично да ја посетува оваа страница и да ги согледа промените во Општите услови и правила за употреба на оваа веб страница.
ДТУ АТЛАНТИС ДООЕЛ Струмица
|