- Работно време од 08:00 - 18:00
- #B2CHeaderEmailAddress#
CORAL BLUE BEACH 3★
Геракини, Ситонија – Халкидики
7 ноќевања со појадок и вечера
Coral Blue Beach 3★
Хотел Coral Blue Beach се наоѓа во Геракини, Ситонија, на полуостровот Халкидики во Грција.
Пријавување: по 15:00 часот по локално време.
Одјавување: до 10:00 часот по локално време.
Официјална веб-страница: www.coralblue.gr
Типови соби
Double Room
Брачен лежај или две одвоени легла поставени едно до друго.
Bungalow
Брачен лежај или две одвоени легла и кревет на спрат или едно дополнително легло.
Family Room with Bunk Bed
Брачен лежај или одвоени кревети и кревет на спрат.
Или 3 возрасни + 1 дете до 11,99 години.
Дополнителните легла во сите соби се на расклопување. Креветите на спрат најчесто се од железна конструкција.
Сите соби располагаат со клима-уред, телевизор со локални ТВ-канали, телефон, фрижидер / минибар, сеф, фен за коса, бања со туш и балкон или тераса.
Постелнината, перниците и бројот на крпи се во согласност со бројот на легла во собата.
Детско креветче (baby cot): 5 € на ноќ, со претходно барање и одобрување од хотелот.
Плажа, ресторан и бар
Песочна плажа
Хотелскиот комплекс се простира на самата песочна плажа, уредена со лежалки и чадори за сонце.
Ресторан „Thalassa“
Главниот ресторан, каде што појадокот и вечерата се служат на принцип шведска маса, со голем избор на домашни јадења и специјалитети.
Бар на плажа „Ammos“
Бар сместен на самата плажа, под борови дрвја, каде што се нудат свежи сокови, сладоледи, коктели, освежителни пијалаци и вкусни ужини.
При користење на лежалки и чадори на плажата строго е забрането консумирање храна и пијалаци купени надвор од хотелот или барот на плажа.
Истите може да се купат во барот на плажата.
BLACK FRIDAY – 35% ПОПУСТ
| Термин | Услуга | Double Room | Bungalow | Family Bunk Bed |
|---|---|---|---|---|
| 30.05.2027 | 7 HB | 245 € | 295 € | 295 € |
| 06.06.2027 | 7 HB | 309 € | 339 € | 339 € |
| 13.06.2027 | 7 HB | 355 € | 375 € | 375 € |
| 20.06.2027 | 7 HB | 355 € | 375 € | 375 € |
| 27.06.2027 | 7 HB | 355 € | 375 € | 375 € |
| 04.07.2027 | 7 HB | 359 € | 385 € | 385 € |
| 11.07.2027 | 7 HB | 375 € | 429 € | 439 € |
| 18.07.2027 | 7 HB | 375 € | 429 € | 439 € |
| 25.07.2027 | 7 HB | 375 € | 429 € | 439 € |
| 01.08.2027 | 7 HB | 375 € | 429 € | 439 € |
| 08.08.2027 | 7 HB | 375 € | 429 € | 439 € |
| 15.08.2027 | 7 HB | 375 € | 429 € | 439 € |
| 22.08.2027 | 7 HB | 370 € | 419 € | 430 € |
| 29.08.2027 | 7 HB | 355 € | 375 € | 375 € |
| 05.09.2027 | 7 HB | 355 € | 375 € | 375 € |
| 12.09.2027 | 7 HB | 245 € | 295 € | 295 € |
| 19.09.2027 | 7 HB | 245 € | 295 € | 295 € |
Начин на плаќање
Целосна уплата при резервација.
Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ.
За резервации направени 14 или помалку денови пред датумот на започнување потребна е 100% уплата.
Во цената е вклучено
- 7 ноќевања со појадок и вечера.
- Две деца до 11,99 години бесплатно.
- Користење клима-уред.
- Интернет на барот на плажа и во лобито на хотелот.
- Паркинг, согласно слободните места во моментот.
Доплати
Туристичката такса се плаќа во хотелот.
Превоз Македонија – Грција – Македонија
Скопје / Велес / Неготино / ГП Богородица
60 € – возрасни 50 € – деца до 11,99 годиниСтрумица
85 € – возрасни 75 € – деца до 11,99 годиниПревозот се реализира со автобус, комбе или патничко возило, а видот на превозното средство го одредува агенцијата еден ден пред поаѓање.
Превозот ги остава патниците на најблиската локација до сместувањето каде што може да минува превозното средство.
Минимум еден ден пред поаѓање, патниците треба да се информираат во агенцијата за времето и местото на поаѓање.
Патниците треба да бидат на местото на поаѓање 15 минути пред закажаното време.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона, можни се доцнења.
Важни напомени за резервации со попуст
- Бројот на соби кои може да се резервираат со попуст за рани резервации е ограничен.
- Агенцијата го задржува правото на промена или прекинување на попустите пред наведените датуми на истекување.
- Резервациите направени со еден попуст не може да се комбинираат со друг попуст.
- Доколку уплатата не се изврши навреме, резервацијата ќе биде наплатена по редовна или ревидирана цена во моментот на наплатата.
- Ненавремената уплата не е причина за отказ на постојната резервација.
- За уплатени два аранжмани 7 + 7 ноќевања се одобрува 7% попуст на терминот со пониска цена.
- Попустот за 7 + 7 ноќевања не може да се комбинира со други попусти.
- Во случај на отказ на резервација уплатена со попуст за рана уплата, до 15 дена пред патувањето уплатените средства се пренаменуваат во ваучер за следно патување.
Начин на резервирање
- Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ.
- Доколку резервацијата се прави 14 или помалку денови пред започнувањето на аранжманот, потребна е 100% уплата.
- За резервација потребно е да се достават точни име и презиме на сите патници, како и датуми на раѓање.
- Корисникот може во секој момент да се откаже од патувањето, но отказот задолжително мора да биде во писмена форма.
- Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка на отказните трошоци.
Отказни трошоци
| Период пред патување | Отказни трошоци |
|---|---|
| 60 – 45 дена | 5% |
| 44 – 30 дена | 20% |
| 29 – 20 дена | 50% |
| 19 – 15 дена | 80% |
| 14 – 0 дена или за време на патувањето | 100% |
Приговори и поплаки
Во случај на несоодветно сместување или кој било друг проблем, патниците треба веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба да се известат организаторот на патувањето и уплатното место каде што е склучен договорот за патување, во текот на првиот ден од сместувањето.
Рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците нема да бидат земени предвид или разгледани.
Организаторот не ја оценува исправноста на патните документи.
Во случај на инцидент, како кражба, тепачка, сообраќајна незгода и слично, патниците треба да се обратат до надлежните институции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето е задолжен да помогне при посредување меѓу патниците и надлежните институции.
За информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот.





























