02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Види ги сите фотографии

HOTEL BELVEDERE

Покажи на Мапа
Мапа
  • Чартер програми
  • Само Хотел
Датум на пријавување
Датум на одјавување
Патници
2
Возрасни
2
Деца
0
Години на Дете
Додади Соба
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
Резултатот не е пронајден, се извинуваме
Не можевме да најдеме резултати за вашето пребарување. Пробајте да ги промените датумите или вашата област за пребарување, можеме да помогнеме подобро.#
Информации за хотелот
Сместување
Хотелот Белведере на Скијатос е во целосно наш закуп!
Нови и модерни двокреветни соби во главната хотелска зграда и приватни бунгалови сместени веднаш до главната хотелска зграда кои нудат фасцинантен поглед кон заливот Ахладис и Егејското Море.
Летниот одмор на Скијатос добива нова димензија!

Хотел Белведере 4*

Хотелот се наоѓа на 150 метри од прекрасната песочна плажа Ахладис, што го прави одлично место за одмор и реклреација! Хотелот нуди двокреветни соби и семејни бунгалови во срцето на Скијатос.
Откако ќе пристигнат на пристаништето на Скијатос, гостите на хотелот имаат организиран трансфер до хотелот, и назад на денот на заминување
Хотелот се состои од главна зграда и бунгалови до кои се стигнува по посебно наменети скали (околу 50 скали) за полесен пристап
Хотелот исто така има служба која го пренесува багажот од рецепција до бунгаловите на патниците кои се сместени во истите
Хотелот има сопствен базен покрај кој ќе можете да уживате во вечерните часови со вашиот омилен пијалок и друштвото за добар муабет.
Главната причина која не натера да го закупиме хотелот е местоположбата на објектот, кој од едната страна е планина, а од другата страна е морето, што е нешто кое му е најпотребно на секој за добар релаксиран одмор.
Собите на хотелот се светли и пространи, дел од нив се во сино-бела нијанса што асоцира на морската ширина. Дел имаат поглед кон морето, а дел се со поглед кон планината.

Веднаш наспроти хотелот има супермаркет, а по самата главна улица која води до плажата Кукунариес и до градчето ќе најдете еден куп ресторани и таверни.

Градчето на Скијатос е на само 10 минути со автобус, кои автобуси ги има постојано.

План и програма
Термините за Лето 2025 та на Скијатос се од четврток до четврток, секоја среда навечер поаѓање
Поаѓањето е секоја среда навечер. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Нашиот туристички придружник се грижи патниците да се сместат на траект кој сообраќа на релација Волос-Скијатос-Волос. Пристигнување на Скијатос во утринските часови.

Сместување после 14:00 часот по локално грчко време.

Поаѓање за Македонија секој четврток.

 Цена по лице за 7 ноќи со појадок и вклучен превоз

Термин

1/2 bungalow

1/2 studio sea view

1/2 studio garden vie

22.05-29.05

155

180

170

29.05-05.06

195

220

210

05.06-12.06

196

270

260

12.06-19.06

285

310

300

19.06-26.06

340

365

355

26.06-03.07

400

425

415

03.07-10.07

430

455

445

10.07-17.07

430

455

445

17.07-24.07

430

455

445

24.07-31.07

430

455

445

31.07-07.08

430

455

445

07.08-14.08

430

455

445

14.08-21.08

430

455

445

21.08-28.08

375

400

390

28.08-04.09

305

330

320

04.09-11.09

235

260

250

11.09-18.09

175

200

190

18.09-25.09

165

190

180

25.09-02.10

165

190

180


Што е вклучено во цената
  • - 7 ноќевања во хотел Белведере (цени по лице)
  • - Појадок во хотелот
  • - Користење на базенот
  • - Користење на клима
  • - Автобуски превоз – Скопје,Велес,Неготино,Смоквица и Гевгелија
  • - Целосна логистика при сместување и одјавување
  • - Туристички претставник од агенцијата одговорен за време на вашиот одмор
  • - Туристички пратител за време на патувањето
  • - Цените се изразени по лице

Што не е вклучено во цената
  • – Дополнителeлни 46€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
  • - Патничко осигурување
  • - Факултативни излети
  • - Доплата за туристичка такса 10 евра од соба од ден
  • - Секој патник седи во автобус според бројот на уплата
  • - Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице
  • - Најдолe од понудата каде пишува ВАЖНО има повеќе информации во врска со промо цените.

Факултативни излети

Kukunaries beach

Цена за пакет: Ценaта на излетот ќе биде објавена пред почетокот на летото

Кукунариес е една од најпознатите плажи на Скијатос., се наоѓа на јужната страна на островот. Плажата е пространа и секој може да ужива на свој начин. Во бројните барови што се одоколу можете да се напиете Фрапе, ладно пиво или да се опуштите на лежалка со некоја книга.  За љубителите на водни спортови има можност адреналински да го поминат денот, а секако имате и помирен дел каде што можете да уживате во интимна атмосфера.

Kрстарење до Lalaria beach и Островот Skopelos

Цена за пакет: Ценaта на излетот ќе биде објавена пред почетокот на летото

Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек-дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина.  Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок. Исто така се посетува и островот Skopelos како и црквата Agios Ioannis позната по иконата св. Јован. Исто така на ова место како и островот Skopleos се снимени доста сцени од мјузиклот Mama Mia. Крстарење кое претставува целодневно уживање.

Banana beach

Цена за пакет: Ценaта на излетот ќе биде објавена пред почетокот на летото

Веќе ви спомнавме дека овој остров е идеален за млади, љубители на денска и ноќна журка. Плажата БАНАНА е идеално место за младите посетители и секако за сите со млад дух.  Овде имате Dj од пладне до полноќ. Журката е во полн ек уште во поладневните часови и трае со исто темпо до полноќ. Море, музика, пијачка, млади и разиграни луѓе, што повеќе може да посакате. Ова место навистина ќе ви се допадне и нема да ви здосади дури и секој ден од вашиот одмор да бидете тука. Секако ова не е класичен одмор, вака малку ќе се заморите, но кога ќе се вратите ќе спиете дома, може нели?!


Важно
  • За споен термин се сметат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
  • За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
  • Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените ).
  • Полињата кои се со црвено значат колку студиа се зафатени. Полињата кои се со зелено значат колку студиа се вкупно слободни. При резервација задожително контактирајте на 071/227-847 или 071/227-837 за слободни капацитети и каков тип на студио е слободно.
  • Поаѓањето е секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект компанијата.
  • За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% и  се пресметува од редовната цена.
  • Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
  • Активните попусти не се комбинират со други попусти
  • Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
  • Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • Доплата за туристичка такса 10 евра е од ден ( Се плаќа во хотел)
  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
  • Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
  • При генерално чистење на секоја смена, студиото се напушта во 09:00ч по локално време.
  • Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори а  Ескејп травел  како агенција нема било каква   одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa.
  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
  • Објектот располага со 1/2  на приземје и кат.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или  да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се * * * * * * разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
За хотелот: