- Работно време од 08:00 - 18:00
- e-mail адреса info@atlantis.com.mk
Seagull Beach Resort е 4 * ресорт кој има одлична локација за прекрасен одмор под топлото
египетско сонце. На само неколку минути од Меѓународниот аеродром во Хургада и
на неколку минути пеш до центарот на градот, на улицата Шератон, во близина на марината каде се наоѓаат познати
ресторани, трговски центри, чаршии и дискотеки, овој хотел е место што можете одлично да
се забавувате, но и да се релаксирате и да уживате во сонцето. Хотелот има
8 надворешни базени, два a' la carte
ресторани, осум барови, аква парк со тобогани за деца и возрасни.
За деца има мини клуб (4-11 години), два базени, две игралишта, мини зоолошка градина.
Гостите можат да уживаат во бесплатна Wi-Fi
конекција во областа каде што се служи храна, помеѓу 08:00 - 18:00 часот.
Хотелот има две приватни плажи, едната е песочна лагуна и влезот во морето е постепен, додека другата плажа на влезот во море има корали. Плажите им се на располагање на сите гости (не е важно во која зграда се сместени). Крпи, лежалки и чадори за сонце на базен и на плажа се достапни за гостите. Хотелот има своја приватна марина. Крпи се добиваат со картичка (хотелот ќе наплати загуба на картичката).
Seagull Beach Resort ви нуди: приватни песочни плажи, интернационален тим за анимација со
различна програма секој ден, спа, аеробик, осветлен тениски терен, билијард,
пинг понг, сквош терен, ватерполо, терен за одбојка на плажа, фитнес центар,
фитнес во вода, центар за нуркање, центар за едрење, аква центар, мини зоолошка
градина, детски клуб, клиника 24 часа, аптека, трговски центар, фризер, дискотека, 2 кина, театар, конференциски
сали и многу повеќе.
Сите
соби имаат балкон или прозорец со поглед на базен, море или градина, сателитска
ТВ, клима уред, мини бар (вода), сеф, фен за коса.
Египетска
влезна виза - за патници со македонски пасоши се добива на аеродром при
пристигнување во Хургада. Потребно е да имате пасош со важност најмалку 6 месеци
од датумот на завршување на Вашиот престој во Хургада и хотелска резервација.
Цената на визата е 1.450 мкд и истата се плаќа при резервација.
Хотелот има вкупно 731 соби : 7 апартмани, 8 фамилијарни делукс
апартмани, 84 фамилијарни соби, 51 супериор соби, 18 супериор соби со директен
поглед на море и 540 стандардни соби, и сите имаат едно нешто заедничко - сите
тие се вешто украсени во раскошен ориентален стил и модерен ентериер.
Хотелските
соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од
сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата
политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено
се извинуваме за какви било несогласувања.