- Работно време од 08:00 - 18:00
- #B2CHeaderEmailAddress#
- Само Хотел
- Чартер програми
Вила Ситонија – Метаморфози Лето 2026
Цените се за 7 ноќевања (наем) – уплата исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 мкд); туристичка такса и превоз се доплаќаат.
Опис на Метаморфози и вилата
Метаморфози е место во северозападниот дел на Ситонија, целосно опкружено со густа шума, но добро организирано и уредено каде што има многу ресторанчиња, кафичи, таверни и маркети. Идеално место за семеен одмор.
Вила Ситонија се наоѓа на околу 100 м од плажа. Вилата располага со студиа за 2, 3 и 4 лица (1/2, 1/2+1 и 1/4). Сите студиа се опремени со мини кујна за подготовка на лесна храна, прибор, тоалет, клима и Wi-Fi и се наоѓаат на 1 спрат.
Двокреветните студиа имаат еден брачен кревет, трокреветните еден брачен кревет и еден кревет (фотелја) на развлекување, а четирикреветните студиа имаат еден брачен кревет и два кревети на спрат.
Ценовник по термини – Studio 1/2+1
Термин: секоја недела – 7 ноќевања. Клима уредот е вклучен во цената.
| Термин (недела) | Studio 1/2+1 |
|---|---|
| 24.05 – 31.05.2026 | 218 € |
| 31.05 – 07.06.2026 | 303 € |
| 07.06 – 14.06.2026 | 375 € |
| 14.06 – 21.06.2026 | 436 € |
| 21.06 – 28.06.2026 | 484 € |
| 28.06 – 05.07.2026 | 545 € |
| 05.07 – 12.07.2026 | 605 € |
| 12.07 – 19.07.2026 | 605 € |
| 19.07 – 26.07.2026 | 605 € |
| 26.07 – 02.08.2026 | 605 € |
| 02.08 – 09.08.2026 | 605 € |
| 09.08 – 16.08.2026 | 605 € |
| 16.08 – 23.08.2026 | 605 € |
| 23.08 – 30.08.2026 | 557 € |
| 30.08 – 06.09.2026 | 484 € |
| 06.09 – 13.09.2026 | 387 € |
| 13.09 – 20.09.2026 | 315 € |
| 20.09 – 27.09.2026 | 254 € |
Цените се изразени во евра за наем. Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 € = 62 мкд.
Што е вклучено во цената
- 7 ноќевања во Вила Ситонија (наем).
- Користење на клима уред.
Што не е вклучено во цената
- Доплата за туристичка такса – 14 € по студио (се плаќа во агенција).
- Скопје, Велес, Неготино и Гевгелија за возрасен – повратен билет 55 €, 50 € во еден правец.
- Струмица, Штип - 65 € за возрасни и 55 € за деца до 11,99г.
- Битола - 45 € за возрасни и 35 € за деца до 11,99г.
- Прилеп - 50 € за возрасни и 40 € за деца до 11,99г.
- Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно.
- Патничко осигурување.
Сместување
Студио бр. 4
Студио број 4 е опремено со еден брачен кревет и еден кревет (фотелја) на развлекување, мини кујна, тоалет и клима. Дозволено е сместување на 2 возрасни и 1 дете до 14 години.
Студио бр. 7
Студио број 7 е опремено со еден брачен кревет и еден кревет (фотелја) на развлекување, мини кујна, тоалет и клима. Дозволено е сместување на 2 возрасни и 1 дете до 14 години.
Важно
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Доплата за туристичка такса – 14 € по студио за цел престој, се плаќа во агенција.
- Цените се изразени во евра за наем, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 мкд).
- Во апартманите/студијата е дозволено сместување на лица согласно бројот на кревети.
- Над дозволениот број, на дополнително барање, може да се смести максимум едно дете до 5,99 години.
- Кога цените се ПРОМО, за уплата на два последователни термини се рачунат две ПРОМО цени.
- За споен термин по редовните цени, на вториот термин се добива 10% попуст.
- Попустите не се комбинираат.
- Организаторот го задржува правото по пат на Ultra First или Last Minute понуда да објави и продаде слободни капацитети по цени различни од оние во ценовникот.
- Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цената.
- Сместување по 14:00 часот (локално време), напуштање до 09:00 часот.
- По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
- Доколку настане штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата.
- Во цената е вклучено користење Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
- Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи; поради тоа не може да се направи промена на термин.
- За време на патувањето ќе бидат запазени сите пропишани протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.










