Бари,
по големина е деветти град во Италија и е главен град на истоимената
област Бари и главен град на провинцијата Апулија во југоисточна
Италија. Бари е второто најважно трговско седиште во јужна Италија, по
Неапол. Градот е познат и како градот на Св.Никола, бидејќи во градската
катедрала се наоѓаат моштите на светецот, кои постојано привлекувале
верниците.Бари претставува свет полн со историја, превкусна храна и
градби кои Ви го оземаат здивот. Овој град е спој на градски туризам и
плажирање. Токму овде на Бари, ќе најдете најубава пица и незаменлив
Аперол, како и локалци кои спремаат домашна паста во своите дворови.Не
дозволувајте да ви раскажуваат, придружете ни се и бидете вие тие кои ќе
раскажуваат.