Град на два континента, преку 20 милиони жители, историја, уметност,
храна и многу приказни. Овој впечатлив град ги комбинира ориенталните и
европските елементи на начин што ќе Ве поттикне да сакате да го
истражувате и да дознаете што е можно повеќе за него. Градот отсекогаш
бил, а и ден денес е истакнат центар на економијата, културата и
трговијата, каде трговците, локалното население и туристите од сите
различни делови на светот доаѓаат да го искусат егзотичното. Многумина
го нарекуваат и „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу
Европа и Азија“. Препознатлив по беспрекорната турска кујна, со уникатни
рецепти како познатиот Искендер, сендвич со риба, баклава, ќунефе алва
во боја и секако турски локум. Истанбул е град каде сите традиции се
спојуваат во едно. Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот
беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.
Општи напомени:
- Организатор
на аранжманот е ТА АтлантиС;
- Резервација
се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
- Целосна
уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
- Цените
на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по
курс 1 евро = 62 мкд;
- За
реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патника;
- За ова
патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 180 дена по
завршувањето на аранжманот,
- Организаторот
го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на
промена на цената на превозот или хотелот;
- Во
случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува
правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на
започнување на истиот;
- Организаторот
го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во
случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
- За
време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени
посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни
споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
- Организаторот
го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
- Организаторот
на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во
случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на
граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од
локалитетите предвиден за посета и слично.
За оваа програма важат општите
услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС