Search
Пребарување на хотел
- Работно време од 08:00 - 18:00
- e-mail адреса info@atlantis.com.mk
Погледни ги сите слики
Истанбул 23ти Октомври (3ноќи)
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
- Општи информации
- Галерија
Дополнителни информации
Истанбул 23ти Октомври (3ноќи) 4 дена/3ноќевања
22.10-26.10Истанбул е Град на два континента, преку 20 милиони жители, историја, уметност, храна и многу приказни. Овој впечатлив град ги комбинира
ориенталните и европските елементи на начин што ќе Ве поттикне да сакате да го истражувате и да дознаете што е можно повеќе за него.
Градот отсекогаш бил, а и ден денес е истакнат центар на економијата, културата и трговијата, каде трговците, локалното население и туристите
од сите различни делови на светот доаѓаат да го искусат егзотичното. Многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот“,
други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Препознатлив по беспрекорната турска кујна, со уникатни рецепти како познатиот Искендер, сендвич со риба,
баклава, ќунефе алва во боја и секако турски локум. Истанбул е град каде сите традиции се спојуваат во едно.
Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА : 139 ЕУР ПО ЛИЦЕ
РЕДОВНА ЦЕНА: 169 ЕУР
22.10-26.10
ориенталните и европските елементи на начин што ќе Ве поттикне да сакате да го истражувате и да дознаете што е можно повеќе за него.
Градот отсекогаш бил, а и ден денес е истакнат центар на економијата, културата и трговијата, каде трговците, локалното население и туристите
од сите различни делови на светот доаѓаат да го искусат егзотичното. Многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот“,
други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Препознатлив по беспрекорната турска кујна, со уникатни рецепти како познатиот Искендер, сендвич со риба,
баклава, ќунефе алва во боја и секако турски локум. Истанбул е град каде сите традиции се спојуваат во едно.
Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА : 139 ЕУР ПО ЛИЦЕ
РЕДОВНА ЦЕНА: 169 ЕУР
Што е вклучено во цената
-Три ноќевања и појадок во хотел со 2 или 3*
-Автобуски превоз
-Туристчка такса
-Туристички придружник
-Посета на Капали Чаршија
-Посета на турската продавница за слатки работи ,,Коска “
-Посета на аутлет трговски центар ,,212
НАПОМЕНА: Хотел со 2* или 3* во населбите Аксарај или Лалели
Сместување во хотел со 2* или 3* со вклучен појадок на база на шведска маса .
Хотелите се наоѓаат во населбите Аксарај и Лалели на само 15 – 20 минути пешачење од Капали Чаршија.
Патниците се известуваат за хотелот 2 дена пред поаѓање.
Што не е вклучено во цената
-Индивидуални трошоци
-Факултативни излети
-Патничко осигурување
Факултативни излети
Миниатурк и Ортаќој
Цена за пакет: 25e
Миниатурк
е доказ за богатата историја и архитектонската величина на Турција.
Овој музеј на отворено, лоциран во Истанбул, прикажува прецизно изработени минијатури на познати знаменитости од целата земја.
Секоја минијатурна структура е придружена со детални информации за нејзиното историско значење.
Ортаќој,
Кога веќе зајдисонцето наближува,денот го завршуваме во Ортаќој
Сместен на брегот на Босфор , денот го завршуваме со прошетка уживајќи во едно од најубавите зајдисонца
Балат и Областа Таксим (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕКСКУРЗИЈА)
Цена за пакет: 25e
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација
и е изградена од македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски.
Tаксим. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се
движи познатиот трамвај!
На Истакал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.
Крстарење по Босфор, Бејлербеи, Палата Ќучуксу, Кадикој, Чамлиџа Џамија
Цена за пакет: 85e
Крстарење
90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу
и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
Бејлербеи,
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа
Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски преку
многубројните соби и хали.
Палатата Ќучуксу,
Павилјонот Ќучуксу е летна палата во Истанбул. која ја користеле османлиските султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов.
Кадиќој
Кадиќој е една од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море. Денеска,
овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот.
Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye,
која е полна со шарени кафулиња и продавници.
Чамлиџа-џамија
Денот го завршуваме со посета на една од најголемите и најубавите џамии во Истанбул.
Пауза за уживање и фотографирање.Враќање кон хотел.
Ноќевање.
Важно
Задолжителна проверка на пасошот.
Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција и да е од новите пасоши со Р.С.Македонија.
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.
За сингл соба се доплаќаат 40 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
Фото Галерија