Миниатурк и Ортаќој
Цена за пакет: 25e
-Миниатурк е доказ за богатата историја и архитектонската величина на Турција.
Овој музеј на отворено, лоциран во Истанбул, прикажува прецизно изработени минијатури на познати знаменитости од целата земја.
Секоја минијатурна структура е придружена со детални информации за нејзиното историско значење.
-Ортаќој
Кога веќе зајдисонцето наближува,денот го завршуваме во Ортаќој.
Сместен на брегот на Босфор , денот го завршуваме со прошетка уживајќи во едно од најубавите зајдисонца .
Балат & Таксим Плоштад ( задолжителна факултатива )
Цена за пакет: 25е
-Балат
Балат
важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се
сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е
изградена од вештите раце македонски мајстори, кадешто е закопан
Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската
Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата
групата има слободно време околу час и половина за прошетка по
уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите
моментите каде се снимаат турските серии и да се напиете турско кафе,
варено на песок.
-Таксим плоштад
Главниот
центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави!
Покрај Таксим поминува познатата улица „Истикал“ на која се движи
познатиот трамвај! На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а
за љубителите на шопингот гарантираме дека ќе изгубат ориентација за
време бидејќи има премногу продавници. Ова значи дека групата има
идеална можност за поминување на слободно време, за сечиј вкус.
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР , БЕЈЛЕРБЕИ, ПАЛАТА ЌУЧУКСУ, КАДИЌОЈ , БУЈУК ЏАМЛИЧА ТЕРАСА
Цена за пакет: 85е
-Крстарење по Босфор
Ви
нудиме 1 часа крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков
Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии,
Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и
знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот
водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ке се
погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин. На крстарење
тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во
азискиот дел на Истанбул
-Бејлербеи
Оваа
историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни
туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа
во непосредна близина на Босфорскиот Мост, во Азиската област. Во овој
музеј ќе имате прилика да ја доживете турската култура од непосредна
близина прку многубројните соби и хали кадешто поминувале време турските
султани. Доколку сте љубител на мачки, ова е вистинска можност да пиете
кафе покрај Босфорскиот мост, со поглед којшто е незаменлив со мачки
насекаде околу Вас.
-Палата Ќучуксу
Павилјонот
Ќучуксу е летна палата во Истанбул. која ја користеле османлиските
султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов.Сместена во
населбата Ќучуксу во областа Бејкоз на азискиот брег на Босфор, малата
палата е дизајнирана од Никогос Балјан и завршена во 1857
година.Павилјонот се состои од два главни ката и подрум со кујна, сала и
службенички простории. За разлика од другите градини на палатата со
високи ѕидови, нејзината градина е опкружена со огради од леано железо
со една порта на секоја од четирите страни.Во почетокот на
републиканската ера, локацијата неколку години се користела како државен
пансион. Од темелната реставрација во 1944 година, палатата е отворена
за јавноста како музеј.
-Кадиќој
Кадиќој
е една од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа
на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море.Денеска,
овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во
градот.Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул,
познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye,
која е полна со шарени кафулиња и продавници.Можете да пробате одлични
баклави или други десерти во некои од овие кафулиња или да застанете за
одлично кафе.
-Чамлиџа-џамија– Çamlıca Camii— џамија во округот Усќудар на градот Истанбул и најголемиот муслимански храм во Турција.
Има сместивост од 63.000 луѓе и во себе вклучува музеј, ликовна
галерија, библиотека, сала за собири и подземно паркиралиште за 3.500
возил
ВИП ПАКЕТ
Цена за пакет: 125е
***Вип пакетот вклучува посета на сите атрактивни знаменитости .