02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

Кипар во Ноември 2025

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации

Кипар во Ноември 2025
21.11.2025-24.11.2025
3 ноќевања/4 дена
Кипар е волшебен остров во источниот Медитеран, трет по големина остров во Европа со површина од 9.251 км2 и околу 233 км крајбрежје. Низ 10 000 годишната историја  бил населен и освојуван од  Грци, Римјани, Асирци, Персијци, Египќани, Византијци  и Крстоносците, поради што тука се испреплетуваат митологијата и античката историја и со живописната култура и песочните плажи ја спојува во една незаборавна дестинација.
Познат како легендарното родно место на Афродита, грчката божица на љубовта, Кипар нуди уникатна комбинација на природна убавина и историско богатство. Од кристално чисти води и златни песоци до планински села и антички урнатини, секој агол на островот раскажува приказна. Она што го прави Кипар особено привлечен за посетителите е неговата различност. Без разлика дали сте ентузијаст за историја кој истражува римски мозаици во Пафос, авантурист кој пешачи по планините Тродос или едноставно сакате да се опуштите во луксузно одморалиште во Аја Напа или Лимасол, има по нешто за секого. На сето тоа, додадете топлото гостопримство, вкусната медитеранска кујна, прекрасните одморалишта, интересни настани, ноќен живот и повеќе од 300 сончеви денови годишно, и лесно е да се види зошто Кипар треба да биде на вашата листа за патувања.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА:429 ЕУР
РЕДОВНА ЦЕНА: 509 ЕУР

Што е вклучено во цената
Автобуски трансфер  Скопје – Софија – Скопје
Директен лет на релација Софија –Ларнака -Софија
Аеродромски такси
Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm;( дозволено едно парче багаж )
Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака
Сместување во 3* хотел на база 3 ноќевања со појадок  во хотел во Ларнака
Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
Факултативна посета на Аја Напа и Ларнака  со водич и трансфер .
Факултативна целодневна посета на Никозија ,со  водич и трансфер.


Што не е вклучено во цената
Доплата за кабински багаж до10кг (55 x 40 x 20 cm)– (информации во агенција ).
Влезници за локалитети (музеј, замоци и слично).
За еднокреветна соба се доплаќа 90 евра.
Туристичка такса 5е од ноќ од соба (се плаќа на рецепција во хотел).

Важно
Доколку самите си организирате трансфер до Софија се одбиваат 10 евра од цената.
За реализација на програмата  потребно е  група од 25 патника
За еднокреветна соба се доплаќа 90 евра
Деца 3-11.99г плаќаат 399евра

Општи напомени:

·         Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;

·         Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупнот износ на аранжманот и копија од валиден пасош;

·         Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;

·         Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;

·         За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника;

·         За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,

·         Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;

·         Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;

·         Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;

·         За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;

·         Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;

·         Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од   локалитетите предвиден за посета и слично.

Фото Галерија