ЛУТРАКИ е мало туристичко
место со околу 2000 жители се наоѓа на само 130 км од граничниот премин
Богородица. Местото со своите минерални лековити извори е познато уште од
времето на Александар Македонски. Од 1992 год. туризмот значително се развива и
денес има голем број хотели и апартмани кои ги задоволуваат потребите на
гостите. Местото изобилува со ресторани, продавници и кафетерии.Овде
посетителот може да ги комбинира минералната топла вода во базените со
планинарењето, посетата на уникатната по својот вид пештера или скијање на
планината Ворас (Кајмакчалан).Областа е планинска. Течењето на топлите и ладни
води заедно со богатството со флора му дава на овој регион уникатна убавина
уште од далечната 1920 год кога за прв пат е прогласен за “природна бања“.
Температурата на водата е од 37 – 38 целзиусови степени. Водите се лековити и
се препорачуваат за болни од реума, ишијас, бронхит, нервоза, дерматолошки и
гинеколошки проблеми, како и циркулативни и респираторни нарушувања.
Во цената на аранжманот е вклучено:
lПревоз со туристички автобус;
l 2 ноќевања во апартмани “А” категорија;
lВодство и реализација на програмата со
придружник од агенцијата;
Во цената на аранжманот не е вклучено:
lПатничко осигурување
lНовогодишна Вечера кај газда Митре- 2170 ден
(Избор на порција - јагнешко печено, свинско печено или риба) , салата, 2 пијалока и десерт)
Сместувањето е во приватни апартмани (наем на апартман) :
- Деца до 5 години плаќаат 50% од цената, без дополнително легло.
- Деца од 6 до 12 години - 10 евра попуст
Општи напомени:
·Организатор на аранжманот е ТА
АтлантиС;
·Резервација се прави со уплата
на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
·Целосна уплата на аранжманот е 15
дена пред почетокот на истиот;
·За реализација на аранжманот се
потребни минимум пријавени 45 патника;
·За ова патување мора да имате
пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
·Организаторот го задржува
правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на
превозот или хотелот;
·Во случај на недоволен број на
пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост
аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
·За време на разгледите на
градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на
јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно
нагласено во програмата;
·Организаторот го задржува
правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
Организаторот
на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во
случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница,
доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите
предвиден за посета и сл.
За оваа програма
важат општите услови за патување на СКТМ и
Т.А.АтлантиС