Search
Пребарување на хотел
- Работно време од 08:00 - 18:00
- #B2CHeaderEmailAddress#
Погледни ги сите слики
Париз во Октомври
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
- Општи информации
- Галерија
Програма
Дополнителни информации
ПАРИЗ - ФРАНЦИЈА 🇫🇷
Париз - градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шанзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр - сликарската „Мека“, Пигал - најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град на сите уметности и светската мода, незаборавен по многубројните туристи, кои во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не’ врзуваат парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100 km метро и уште многу светски познати имиња. Париз е град кој никогаш, никого не остава рамнодушен. Проверете зошто е тоа така...
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 479 €
за првите 6 места !
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 529 €
Во цената на аранжманот е вклучено:за првите 6 места !
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 529 €
• Директен лет на релација Скопје - Париз - Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
• Аеродромски такси
• Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);
• Организирани трансфери аеродром - хотел - аеродром;
• Сместување во хотел 3*, на услуга BB;
• Организирани прошетки според програматa;
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето;
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
• Доплата за еднокреветна соба 150 Еур.
• Патничко осигурување;
• Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро
ДОПОЛНИТЕЛНИ ЕКСКУРЗИИ :
• Пешачки разглед со локален водич - 25 €;• Посета на Версај - 80 € со вклучена влезница за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич, трансфер ;
• Крстарење со брод по Сена - 25 €;
• Посета на Лувр - 45 € (индивидуална влезница со термин, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција);
• Влезница за Ајфелова Кула (на лице место) индивидуално – информативни цени - до втор кат - 28 €, до трет кат - 40 € (со лифт);
• Дизниленд – цена за влезница при уплата поради променлив карактер на истите
ЗАДОЛЖИТЕЛO ПРИЈАВУВАЊЕ НА ДВЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ЕКСКУРЗИИ !!
ВАЖНА НАПОМЕНА : ПОРАДИ ПОТРЕБА ЗА НАВРЕМЕНО РЕЗЕРВИРАЊЕ НА ТРАНСФЕРИ И ВЛЕЗНИЦИ ЗА НАВЕДЕНИТЕ ЕКСКУРЗИИ, КЛИЕНТИТЕ МОРА ДА СЕ ИЗЈАСНАТ ЗА ИСТИТЕ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАТУВАЊЕТО. РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ИСТИТЕ ЗАВИСИ ОД БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ (МИНИМУМ 16) И ДОСТАПНОСТ НА ВЛЕЗНИЦИ ВО МОМЕНТОТ НА РЕЗРВАЦИЈА. НЕ ГАРАНТИРАМЕ РЕАЛИЗАЦИЈА ДОКОЛКУ КЛИЕНТОТ СЕ ОДЛУЧИ ЗА ПОСЕТА НА ЛИЦЕ МЕСТО.
РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОГРАМАТА НЕ ЗАВИСИ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ ЕКСКУРЗИИ!!
• Организатор на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
• Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
• Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
• Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
• За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 16 патника;
• За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
• Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
• Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
• Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
• За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
• Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
• Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС
Фото Галерија







