02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

Прага 8ми Март

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ - 199 ЕВРА


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

1 ден (06.03.2025 - четврток) СКОПЈЕ – СРБИЈА – УНГАРИЈА-СЛОВАЧКА

Состанок на договорено место во Скопје во 11:00, тргнување кон Прага во 11:30 ч. Патување преку Србија, Унгарија и Австрија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

 

2 ден (07.03.2025 – петок) - ПРАГА

Пристигнување во Прага во пладневните часови. Разглед на градот со локален водич (факултативно): Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица Сместување во хотел. Слободно време за одмор или можност за посета на пивница... Ноќевање.

 

3 ден (08.03.2025 – сабота) ПРАГА – ДРЕЗДЕН    ПРАГА

Појадок. Целодневен факултативен излет за Дрезден. Во Дрезден  ќе ги видете следниве атракции: Операта Земпер, Палатата Цвингер, Богородичната црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата, палатата Ташенбер, Августовиот музеј  Враќање од Дрезден кон Прага. Ноќевање.

 

4 ден (09.03.2025– недела)  ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ –  КРСТАРЕЊЕ ПО ВЛТАВА

Појадок. После појадокот, факултативно заминување за Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Ќе имате можност да ги видете топлите извори и да се запознаете со лековитите својства на водите, можност да купите сувенири и производи со лековити својства од Карлови Вари. Во попладневните часови Крстарење по Влтава (факултативно),  ќе имате можност да ги видете прашките мостови и прекрасната архитектура од двете страни на Влтава. Ноќевање.

 

5 ден (10.03.2025– понеделник) ПРАГА  – ВИЕНА – УНГАРИЈА

Појадок во хотел. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за  Виена во 08:00ч. Пристигнување во Виена па следи слободно време за разглед на централниот дел од градот Стефан Плац, катедралата Св.Стефан.. Во договорено време се упатуваме кон OUTLET SHOPPING CENTAR PARNDORF.Кратка пауза и поаѓање кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор низ Унгарија и пасошки и царински формалности.

 

6 ден (11.03.2025 – втроник ) СРБИЈА – СКОПЈЕ

Патување низ Србија и пристигнување во Македонија во утринските часови.


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

·  Превоз со  туристички автобус на дадените дестинации,

·  Сместување во двокреветни соби во хотел OLYMPIK CONGRESS 4*  www.olympik.cz во Прага – 3 ноќевања со појадок,

·  Придружник од агенцијата за време на патувањето

·  Посета на Виена

·  Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTAR PARNDORF

·  Организација и реализација на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

 

·  Панорамски разглед на Прага со локален водич – 20 €

·  Крстарење по Влтава – 20€,

·  Посета на Карлови Вари со придружник од агенцијата - 40€,

·  Целодневна посета на Дрезден - 50€,

·  Посета на национален чешки ресторан - пивница - 40€,

·  Туристичка такса 3 евра на ден, се плаќа во агенција

·  Патничко осигурување.

·  Влезници во објекти

Доплата за еднокреветна соба 75 

 

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

·                     Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС

·                     Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот

·                     Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот

·                     Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд

·                     За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника

·                     За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот

·                     Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот

·                     Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот

·                     Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите

·                     За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

·                     Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.

·                     Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 


За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

Фото Галерија