02 3229 922 / 034 345 212
Побарајте не
Погледни ги сите слики

Сараево и Мостар 1ви Мај

Дата на Патување
Патници
2 Гости
Возрасни
2
Дете
0
Години на детето
Резултати ....... Ве молиме да почекате....
  • Општи информации
  • Галерија
Дополнителни информации

Босна и Херцеговина земја во Југоисточна Европа, која се наоѓа на Балканскиот Полуостров. Сараево е главен и најголем град во земјата.Босна и Херцеговина е речиси континентална држава – има тесен брег долго околу 20 километри на Јадранското Море околу градот Неум. Туризмот во Босна и Херцеговина се зголемил на двоцифрени стапки во последниве години. Босна и Херцеговина е регионално и меѓународно позната по својата природна околина и културно наследство наследено од шест историски цивилизации, нејзината кујна, зимски спортови, уникатна музика, архитектура и нејзините фестивали, од кои некои се најголеми и најистакнати во Југоисточна Европа

Што е вклучено во цената

-Автобуски превоз  Скопје (Хотел Русија) и Куманово (Макпетрол бензинска)
-2 ноќевања со појадок во хотел 
-Разглед на Сараево со локален водич
-Туристички придружник за време на патувањето
-Посета на Вишеград и Андриќград

Што не е вклучено во цената

- Трансфер по градови Струмица, Гевгелија,Битола,Прилеп,Неготино,Велес и Штип-10е во правец по лице
-  Крстарење по Дрина– 10 евра од лице
Ноќно Сараево -15евра од лице (задолжителна уплата во агенција)

Историски пакет (Посета бункерот на Тито, Јабланица и Мостар)- 80 евра

Босански пакет (Посета на Бункерот на Тито, Јабланица, Мостар и Босанските пирамиди) 90 евра

Туристичка такса– 2,5 евра од лице за две ноќевања (задолжително)

– За екскурзиите е задолжителна пријава во агенција. Уплатата е во автобус

– Патничко осигурување

Важно

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

  • За деца од 3 полни до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжманот
    -Во случај да нема доволен број на патници од наведените градови за превоз, се организира трансфер до Скопје
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за време на патувањето од Скопје до Сараево и назад. Не и за време на екскурзиите

Факултативни излети

Ноќно Сараево (задолжителна екскурзија)

Цена за пакет: 15е

Состанок на група во 19:00 пред Хотелот. Тргнување кон местото Илиџа заедно со локален водич. По завршувањето тргнуваме на панорамски разглед со автобусот каде се застанува на едно од местата и се гледа Сараево во целосна светлина каде што правиме неколку фотографии и тргнуваме кон следното место. Нашето следно место како за крај на Ноќно Сараево е највисоката зграда во градот Сараево Avaz Twist Tower каде ке имаме можност да се искачиме на 142м висина поточно 39 кат каде што има кафетерија и 360 степени панорамски разглед и една од најдобрите фото во диагонала поточно како изгледа Сараево во должина. По завршувањето се упатуваме во хотелот.


Босански пакет (Бункерот на Тито, Јабланица,Врело Буна, Мостар и Босански пирамиди)

Цена за пакет: 90е

Историски пакет (Посета бункерот на Тито, Јабланица и Врело Буна, Мостар)

Цена за пакет: 80е




Фото Галерија
📲 Viber 💬 WhatsApp 📞 Call Instagram TikTok