ВАЛОНА – октомври 2021
09.10. - 10.10.2021 (3 ДЕНА / 2 НОЌЕВАЊА)
ПРОГРАМА
1 ден (09.10.2021 - сабота) | Скопје - Валона
Состанок на групата пред хотел ВИП и поаѓање за Валона во 01.00 часот. Патот води преку граничниот премин Ќафасан со гранични формалности и попатни паузи.Пристигнување во Валона во претпладневните часови и сместување во хотел. Време за одмор, слободни активности и прошетки во центарот на градот, во многубројните ресторани и кафичи покрај море. Ноќевање.
2 ден (10.10.2021 - недела) | Валона
Појадок во хотел. По појадокот слободно време за прошетки во градот или во непосредната околина. Можност да се разгледаат преубавите плажи, да се напиете кафе покрај морскиот брег и да уживате во звуците на морските бранови.Наш предлог за денешниов ден е посета на Аполонија. Тоа се остатоци од некогашниот истоимен град, основан на почетокот на VII век п.н.е. од грчки колонисти. Денес на ова место може да се видат остатоци од The Encircling Wal, библиотеката, Портикот, Одеон, куќата со мозаици, Музејот на Аполонија и секако црквата Света Марија. Голем дел од предметите и статуите биле присвоени од други држави а оние што останале, изложени се во музејот, кој се наоѓа во манастирот.Во договорено време,враќање назад кон Валона со попатна посета на манастирот Звернек.Сместен на остров, скоро целиот покриен со високи борови дрвја, oстровот Звернек е поврзан со копното со дрвен мост долг 270 метри.Додека се движите по дрвените даски, ги гледате безбројните морски ракови што живеат во водата. Островот е туристичка атракција затоа што содржи добро зачуван византиски манастир Звернец од 13-14 век. Во близина на островот се наоѓа село кое го носи истото име. Во договорено време враќање назад кон Валона.Слободно време ...Ноќевање.
3 ден (11.10.2021 - понеделник) | Валона - Скопје
Појадок во хотел. По појадокот ослободување на собите. Можност за уште едно кафе со поглед на море.Во договорено време тргнување назад кон Скопје, со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
ЦЕНА по ЛИЦЕ - 89 € (5.518мкд)
Во цената на аранжманот е вклучено:
· Превоз со туристички автобус на наведената релација со запазување на протоколи;
· Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Валона на база на 2 ноќевање со појадок;
· Пешачки разглед на градот;
· Придружник од агенцијата за време на целото патување;
· Организација и реализација на програмата;
Во цената на аранжманот не е вклучено:
· Посета на Аполонија и манастирот Звернек - 15 €;
· Патничко осигурување;
· Индивидуални трошоци
Напомени:
Организатор на патувањето ТА Атлантис
· Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
· Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
· Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
· За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 35 патника;
· За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
· Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
· Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
· Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
· За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
· Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
· Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
ПРОТОКОЛИ ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА
Во делот на мерките поврзани со патувања на граѓаните со важност од 01.09.2021г. се додава точка 14, со која при влез во државата сите лица (домашни и странски) треба да приложат еден од следните документи:
- =Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација)од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
- =Сертификат /потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен во рок од најмногу 72 часа пред влез во нашата држава;
- =Негативен резултат од брз Тест за Антиген направен во рок од најмногу 48 часа пред влез во нашата држава.
Патниците (над 18 години) кои немаат сертификат за извршена имунизација или за прележан COVID-19 во последните 45 дена, доколку не сакаат да бидат упатени во домашна изолација ќе треба да направат тест за време на престојот во странство непосредно пред враќањето за Македонија.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и ТА Атлантис