- Работно време од 08:00 - 18:00
- #B2CHeaderEmailAddress#
Велигден на Остров Крф
- Општи информации
- Галерија
ВЕЛИГДЕН НА ОСТРОВ КРФ 2026
09.04 – 13.04.2026
Редовна цена: 169€ апартмани / 199€ хотел
Сакате да бидете сведоци на една од највпечатливите велигденски традиции во Европа? Прославата на Велигден на островот Крф, кој се слави на ист датум како и во Македонија, претставува незаборавно искуство исполнето со радост, духовност и уникатна атмосфера.
Централно место зазема чествувањето на Свети Спиридон – заштитникот на островот, чии мошти свечено се изнесуваат и се носат низ улиците на градот. Овој настан, заедно со богатата културна програма и традиционалните обичаи, создава едно сосема поинакво доживување.
Ова патување ќе ви овозможи да го почувствувате вистинскиот дух на Велигден на Крф и да доживеете нешто што долго ќе го паметите.
Ве очекуваме! ✨
ШТО Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА (АПАРТМАНСКО СМЕСТУВАЊЕ): ( РАСПРОДАДЕНО )
-
3 ноќевања во Ипсос (апартмани, без појадок)
-
Автобуски превоз: Скопје – Крф – Скопје
-
Трансфер од: Велес, Неготино, Гевгелија, Битола, Прилеп и Штип
-
Траект: Игуменица – Крф – Игуменица
-
Следење на Велигденската програма (превоз и водство)
-
Туристички пратител за време на целиот престој
ЗА ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ (Hotel Silver Bay 3★):
-
3 ноќевања со појадок
-
Автобуски превоз: Скопје – Крф – Скопје
-
Трансфер од: Прилеп, Битола, Штип и Струмица
-
Траект: Игуменица – Крф – Игуменица
-
Следење на Велигденската програма
-
Туристички пратител
ШТО НЕ Е ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА:
-
Туристичка такса (околу 6€ по лице)
-
Патничко осигурување
-
Факултативни излети
Факултативно:
-
Целодневен излет: Палеокастрица, фабрика „Василакис“, Канони – 50€
-
Велигденски ручек во традиционална таверна
ВАЖНО:
-
Деца 3–11.99 години:
-
со двајца возрасни – 50%
-
со еден родител – 70%
-
-
Деца над 12 години плаќаат цела сума
-
Сместување:
-
Студија 1/2, 1/3 и 1/4
-
Хигиената ја одржуваат гостите
-
Клима не е вклучена (се доплаќа на лице место)
-
-
Избор на седиште: 15€ (двата правци)
-
Распоред на седење според уплата
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
-
Организатор: Т.А. АтлантиС
-
Резервација: 30% аванс
-
Доплата: 15 дена пред поаѓање
-
Цени во евра (1€ = 62 денари)
-
Минимум 20 патници за реализација
-
Потребен валиден пасош (минимум 90 дена по враќање)
Организаторот го задржува правото на:
-
промена на редоследот на програмата
-
промена на цената (во случај на промени на трошоци)
-
откажување на аранжманот (5 дена пред поаѓање при недоволен број на патници)
✔ За оваа програма важат општите услови на СКТМ и Т.А. АтлантиС






