Вилата се наоѓа во новиот дел на Сарти, попознат како плажата Сарти Бич, во средина идеална за пријатен и релаксирачки одмор. Само шеталиштето ја дели вилата од песочниот дел на плажата, каде што влезот во морето е постепен, погоден за семејства со мали деца. Од Центарот на Сарти е одалечена на 1,7км.
Сместувачките капацитети се дизајнирани за сместување од две до четири лица. Голем број студија/апартмани имаат директен или страничен поглед на море, поглед на градина, 1/2 еко студиа кој немаат поглед , а секое од нив има комплетно опремена кујна, бања/тоалет, тераса или седење, ТВ, WiFi интернет и клима (се доплаќа на лице место од 5 еур на ден)
-Eko 1/2 студиата (гледат во ѕид) на приземје или втори спрат имаат дупло легло или твин споени кревети
-Еко 1/3 студиата се на приземје и немаат сопстена тераса, т.е седењето им се наоѓа пред врата во внатрешниот дел на вилата (двор)
-1/2ссв студиата гледат во ѕид и странично према море (нема чист поглед) дупло легло
-1/2пул вју се свртени од внатрешноста према базен, дупло легло
-1/3+1 собата е лоцирана на приземје и има своја надворешна тераса, со 2 дупли легла, од кој едното 140см, второто 160см
-1/4св е лоцирана на 1ви спрат и гледа према улица и према море, со две брачни легла.
Максимум сместување на едно дете до 3.99год е дозволено да дели легло со родители.
За оваа програма нема да има организиран превоз, понудата се однесува за со сопствен превоз