Прв ден: Софија – Анталија – Сиде (65 км)
Средба на аеродром во Софија за директен чартер лет до Анталија. Слетување на аеродромот во Анталија и пречек од представник на Онекс Тур. Трансфер до хотел и сместување. Вечера. Ноќевање.
Втор ден: Сиде – Коња (240 км) / Коња – Кападокија (220 км)
После појадокот заминување за Кападокија. Овој пат ке се упатите на прекрасна екскурзија преку планината Тавар до Коња, бивш главен град на империјата на Селџуците. Коња – тоа е «зелениот оазис», каде прекрасните со убавина растенија и реки создаваат неповторлива релаксирачка атмосфера. За време на таа екскурзија Вие ќе можете да посетите една од религиозните светини во тие места – мавзолеја на исламскиот филозоф Руми. Мевлјана Руми е основач на мистичниот танц на « танцот на дервишите», чиј танц е божествена молитва и хипнотизирачка медитација. Пристигнување во Кападокија. Сместување во хотел. Вечера. Слободно време. Ноќевање.
Трет ден: Кападокија
Кападокија - “Местото на убави коњи” е еден музеј на отворено, вклучен во списокот на УНЕСКО за светско наследство. Земја извадена од соништата и фантастичните приказни. Ветерот и сонцето се направиле чудни форми од скалите, а околу 5 века човечката рака е издлабила во нив едни од нај-старите христијански цркви и манастири. Тука Апостол Павел ги води првите христијански мисии, тоа е родното место на Св. Георги и Св. Василиј Велики. Кападокија пред се е мистичен прекрасен пејзаж, создаден од самата природа: розови и бели скали, неракотворни «магични кули». За Вас ќе се направи екскурзија по тој прекрасен пејзаж, нарекуван уште «месечев пејзаж». Ке го посетите познатото поклоничко место Гореме со уникатни по убавина си пештерни селишта, изсечени во скалите домови и цели дворци, споменик, кој се наога под защитата на УНЕСКО. Ке останете возхитени од изсечените од камен гостниски соби и спални, манастири и цркви. Ќе ги видите и светините на православна Византија: школата на свети апостол Павел, капрени образци на православни светци, Библиски парцели во древни фрески. Исто така по желба од Ваша страна, ќе ви биде предложена обилна екскурзија на воздушен балон над прекрасниот пејзаж на Кападокија (со дополнителна доплата). Вие ќе можете од «птичја пепрспектива» да разгледате неповторливата убвина на тоа место. Вечерта ќе имате прилика по желба да земете учество во прекрасна кападокиска вечер, каде можете да уживате на локалниот фолклор и интересни танци (со дополнителна доплата – 30 евра со вклучени пијалоци и програма). Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
Четврт ден: Кападокија
По појадокот заминување за еден од подземните градови. Таму целосно под земјата се прокопани десетци километри галерии кои поврзуваат сместувања, построени уште пред 4000 години од хетите, кои стигнуваат понекогаш и до 20 спратови надолу во утробата на земјата. Тие се послужувале за се, со кое треба да разполага еден град – резервоари за вода, складови за жито, мелници, штали, станбени простории. Според некои историчари, во живеалиштата во карпата на Кападокија и подземни градови се живееле до 80 000 жители. Посета на долината Зелве – природен феномен со “самовилни” карпести оџаци, кои се издигуваат на височина 30 – 40 метри и центар за обука на монаси. На крај Вие ќе посетите карактерна занаетчиска област за производство на килими. Ние ќе Ви ги покажеме сите стадиуми на производство и ќе имате можност и да си купите . Вечерта можете да уживате на мистичната церемонија, наречена «танцот на дервишите» со хипнотизирачка молитва и божествена служба, во еден од чудесниот караван – сараи (со доплата – 25 евра). Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
Пети ден: Кападокија – Сиде (460 км)
После појадокот Вие ќе се упатите на прекрасна екскурзија преку планината Тавар кон Средоземноморското крајбрежје. По патот ќе посетите селџуски караван – сарај по Патот на свилата. Големите конструкции со разкошно украсени врати создаваат слика на тврдина од источните приказни. Пристиганување и сместување во хотелот во регионот на Анталија.
Шести ден: Сиде – Анталија – Сиде (150 км)
Појадок. Прошетка по Анталија (вклучена во цената). Тој ден Вие ќе видите еден од најубавите градови на Турската Ривиера – Анталија. Стариот град,плоштадот на републиката, симболот на градот – минарето Ивли, споменикот на основателот на градот пергамскиот цар Атал ІІ, вратата на Адриан / направена во чест на посетата на градот на римскиот император Адриан во 130 г. пр.н.е., водопадот Дуден. Исто така, ќе Ви биде дадена можност , да разгледате бутици за кожени и бижутерски статии. Локалните занаетчии ќе Ви предложат рачно направени турски статии. Враќање во хотелот. Вечера. Слободно време. Ноќевање.
Седми ден: Сиде
Тој ден ќе Ви предложиме едни од нај интересните историски екскурзии.Екскурзија до Демре, Мира и Кекова (со доплата – 65 евра со вклучен ручек) – на таа екскурзија ќе го посетите древниот град Мира, основан во 5 в.пр.н.е., ќе ги видите карпесите гробници од епохата на Ликијскиот сојуз, римски театар и ќе ја посетите црквата, каде е погребан Свети Николај Чудотворец. исто така ќе Ви раскажат за чудни свети места. Ако решите, дека сакате полудневна екскурзија, може да изберете Екскурзија до Сиде и Манавгат (со доплата – 45 евра со вклучен ручек) – на оваа екскурзија ќе го посетите античкиот град Сиде, водопадот во Манавгат, џамијата (Kulliye) во Манавгат, како и ќе имате време за плажа и ќе се повозите на јахта. (Може да изберете само една од предложените екскурзии тој ден). Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
Осми ден: Сиде – Анталија – Софија
Појадок. Tрансфер од хотелот до аеродромот во Анталија. Полетување за Софија со чартрер лет и слетување на аеродромот во Софија.
*Можна е промена во редоследот на разглед на екскурзиите по програмата.*