Во 1977 година, Генералното Собрание на ОН усвојува
предлог кој вели да се прогласи ден
за прославување на правата на Жените и Меѓународниот мир.
Конвенција на истата тема
е одржана и во Копенхаген, Данска во 1980 година. Резултат на овие меѓународни
напори е прогласувањето на 8ми
Март како Ден на жената.
Историјата на сите
времиња, особено на денешницата, не учи дека…жените би биле заборавени доколку
заборават да мислат на себе – Луис Ото
Што е вклучено во цената
Две ноќевања во хотел со 3* со појадок
Автобуски превоз, Лиценциран придружник
Лиценциран туристички водич
Посета на Капали Чаршија
Туристичка такса
Посета на турската продавница „КОСКА”
Шопинг во „Аутлет 212“ Центарот
Што не е вклучено во цената
Патничко осигурување
Факултативни излети
Индивидуални трошкови
Важно
Задолжителна проверка на пасошот.
Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на
влез и излез од Р. Турција.
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се
пресметува 62 денари.
За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од
аранжманот поради вториот кревет.
Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со
родител)
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се
придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на
аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од
моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на
агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (во исклучителни случаеви и
преку Република Бугарија) до Турција
Балат
и Галата Порт
Цена за пакет:20е
Балат
Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул
каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е
донација и е изградена од вештите раце Македонски мајстори, кадешто е закопан
Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската
Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има
слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени
улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат Турските серии и
да се напиете Турско кафе, варено на песок.
Галата
Порт
Галата Порт претставува најново пристаниште со
ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните
светски туристи на дневно ниво. Овде ќе имате можност да видите некои од
најголемите светски крузери, да уживате во добра храна, кафе или шопинг, на кој
Ве повикуваат излозите со светски стил. Нема да останете рамнодушни, верувајте ни!
Крстарење по Босфор, Бејлербеи, Ускудар, Watergarden, Таксим
Плоштад
Цена за пакет:70е
Крстарење по Босфор- Ви нудиме 2 часа
крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили
кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите
паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете
историјата од нашиот водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате.
Локалниот водич ке се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин.
На крстарење тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во
азискиот дел на Истанбул.
Бејлербеи
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на
многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се
наоѓа во непосредна близина на Босфорскиот Мост, во Азиската област. Во овој
музеј ќе имате прилика да ја доживете турската култура од непосредна близина
прку многубројните соби и хали кадешто поминувале време Турските Султани.
Доколку сте љубител на мачки, ова е вистинска можност да пиете кафе покрај
Босфорскиот мост, со поглед којшто е незаменлив со мачки насекаде околу Вас.
Ускудар (Азиски дел)
На
Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го
вкусите кафето ,чајот, познатата алва во боја како и познатиот турски сендвич
со риба. Исто така
од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас.
Имате можност да седнете во рестораните покрај Босфор и да уживате во прекрасниот
поглед.
Watergarden- е нова атракција
во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од
најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во
просек го посетуваат 25 милиони посетители. Ова дестинација е на нашата листа,
бидејќи нуди посебно доживување. Огромните фонтани, обоени во многу светла, кои
изведуваат танц со оган го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски
ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.
Таксим Плоштадот
Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”. Главниот центар
на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим
поминува познатата улица „Истикал“ на која се движи познатиот трамвај! На Истакал сенаоѓаат познатите
дискотеки и кафулиња, а за љубителите на шопингот гарантираме дека ќе изгубат
ориентација за време бидејќи има премногу продавници. Ова значи дека групата
има идеална можност за поминување на слободно време, за сечиј вкус.
ВИП пакет
Цена за пакет:85е
*Балат
*Галата Порт
*Крстарење по Босфор
*Бејлербеи
*Ускудар
*Watergarden
*Таксим Плоштад