Кога ни доаѓа продолжен викенд, размислуваме каде да прошетаме а да не потрошиме многу пари .
Дестинација која се покажа како ексклузивна приказна на нашата агенција е магичниот Истанбул.
Град на два континента, преку 20 милиони жители, историја, уметност, храна и многу приказни.
Овој впечатлив град ги комбинира ориенталните и европските елементи на начин што ќе ве поттикне да сакате да го истражувате и да дознаете што е можно повеќе за него.
Градот отсекогаш бил, а и ден денес е истакнат центар на економијата, културата и трговијата, каде трговците, локалното население и туристите од сите различни делови на светот доаѓаат да го искусат егзотичното.
Многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“.
Препознатлив по беспрекорната турска кујна, со уникатни рецепти како познатиот Искендер, сендвич со риба, баклава, ќунефе, алва во боја и секако турски локум,Истанбул е град каде сите традиции се спојуваат во едно.
Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.