Хотел Angelos**
Хотелот зафаќа површина од 3000 кв.м и има 2 станбени згради, сопствена уредена територија за одмор – пријатна сенката во дворчето опколено со дрвца од калинки.Во склоп на хотелот има мини бар и таверна. Неодамна е извршено комплетно реновирање на хотелот, а реновирани се и сите внатрешни простори. Елегантните соби на хотелот ви нудат удобен престој, привилегирана локација веднаш на брегот на Егејското Море, а персонал е тука за да Ви помогне да имате незаборавен престој и да уживате во сонцето, морето и гостопримство во едно од најубавите и живописните места на вториот крак.
Што е
вклучено во цената :
·
Автобуски превоз на наведената релација
·
Сместување во Хотел Ангелос **во Ормос Панагиас
на база 5 ноќевања
·
Исхрана на база ноќевање со појадок (шведска
маса)
·
Велигденски ручек во таверна на сама плажа пред
хотелот со богато национално мени и музика
·
Организација, реализација и лиценциран
придружник на патувањето
Што НЕ е вклучено во цената :
·
Задолжително патничко осигурување
·
Туристичка такса 1,5€ по соба од ноќ доплата на
рецепција во хотел
·
Факултативно целодневно крстарење до Света Гора
– Атос – 35€ возрасен, 20€ дете 6-12год
·
Индивидуални неспоменати трошоци
Важно :
·
Еднокреветна соба доплата од 80€ на цената на
аранжманот
·
Дете 2-12 год во придружба на 2 возрасни на
дополнителен кревет плаќа 60€
·
Трет возрасен на дополнителен кревет -10% од
цената на аранжманот
·
Намалување за сопствен превоз -20€ по лице
Факултативни
излети :
Крстарење Света
Гора-Атос
Цена за пакет: 35е
Света Гора, како
манастирска заедница формално била основана во 963 година, кога монахот
Атанасиј го основал манастирот Велика Лавра, најголемиот и најзначајниот
манастир до ден денес. Манастирот бил заштитен од византискиот цар во текот на
следните векови. Четвртата крстоносна војна во XII век донела нови, римокатолички владетели кои ги
присилиле монасите да бараат заштита од папата Инокентија III до обновувањето
на Византија.Исто така, каталонски платеници во XIV век вршеле кражби на Света
Гора.
Општи
напомени:
- Организатор
на аранжманот е Т.А. АтлантиС;
- Резервација
се прави со уплата на 30 % од вкупнот износ на аранжманот и копија од
валиден пасош;
- Целосна
уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
- Цените на
аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс
1 евро = 62 денари;
- За
реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 40 патника;
- За ова
патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по
завршувањето на аранжманот,
- Организаторот
го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на
промена на цената на превозот или хотелот;
- Во случај
на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото
да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на
истиот;
- Организаторот
го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во
случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
- За време
на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на
јавните згради, институции или културни споменици;
- Организаторот
го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
- Организаторот
на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во
случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на
граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од
локалитетите предвиден за посета и слично.